1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абдеслам екстрадиран во Франција

СН/ртр/ебу27 април 2016

Салех Абдеслам за кој се верува дека е единствен преживеан од групата терористи кои во ноември минатата година убија 130 луѓе во Париз е екстрадиран во Франција.

Фотографија: Police Federale Belgien

Парискиот државен обвинител Франсоа Молен во писмена изјава ја потврди екстрадицијата на Абдеслам во Франција и соопшти дека тој во утринските часови бил пренесен од Белгија во Франција каде ќе се соочи со судски процес.

Обвинителот најави дека во текот на денот обвинетиот ќе биде изведен на распит пред истражните судии.

Француските медиуми јавуваат дека конвојот кој го превезол Абдеслам од Белгија пристигнал во париската Палата на правдата околу 9 часот утрината.

Салах Абдеслам беше уапсен на 18-ти март во бриселската мигрантска четврт Моленбек, четири месеци по започнувањето на потрагата по париските напади.

Абдеслам „сака да се изјасни“, изјави неговиот нов француски адвокат Франк Бертон за интернет порталот на францускиот регионален дневен весник „Глас од северот“.

Погледнете го видеото од пристигнувањето на Абдеслам во Париз:

Абдеслам пристигнува во париската Палата на правдата

00:49

This browser does not support the video element.

Белгиското сојузно обвинителство објави вчера дека го екстрадирала во Франција Салах Абдеслам, клучниот осомничен за терористичките напади од ланскиот 13-ти ноември во Париз во кои беа убиени 130 луѓе, а кој исто така е поврзан и со џихадистичките напади од 22-ри март во Брисел во кои загинаа 32 лица.

„Во рамките на досието поврзано со нападите во Париз од 13-ти ноември 2015 година, Салах Абдеслам е предаден утрината на француските власти, во согласност со европскиот налог за апсење издаден на негово име на 19-ти март 2016 година во Франција“, се наведува во соопштението на сојузното обвинителство на Белгија.

Белгиското обвинителство, исто така, известува дека нема да објави „никаква дополнителна информација во врска со времето и околностите на споменатото предавање“, изведено дискретно.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми