1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Тензично на аеродромот во Кабул

ЕМФ | агенции
21 август 2021

Безбедносната ситуација на аеродромот во Кабул еисклучително тензична. Приод кон аеродромот често не е можен, соопшти Министерството за надворешни работи во Берлин.

Afghanistan I Evakuierung am Flughafen Hamid Karzai
Фотографија: Nicholas Guevara/US MARINE CORPS/AFP

„Според нашите сознанија, приодите во моментов се затворени“, соопшти на Твитер германското Министерство за надворешни работи. И Бундесверот на Твитер напиша дека состојбата „во моментов е многу тешка“.

Агенцијата ДПА пренесува изјави на очевидец кој тврди дека приодите до аеродромот се блокирани од илјадници луѓе и дека постојано се слушаат истрели. На северниот влез на аеродромот со разглас било информирано и дека влезот ќе остане затворен два дена. Друг очевидец информира дека меѓу насобраните има луѓе од сите општествени слоеви - актери, познати телевизиски лица, млади, жени со бебиња, луѓе во инвалидски колички...

Повеќе:Фотографија на денот: Бебето од Кабул 

Сепак, и покрај тензиите, се планира да се продолжи со евакуацијата уште во текот на денешниот ден (21.08), најавува германското МНР. Во акција се авиони на Бундесверот кои треба да евакуираат луѓе од Кабул во Ташкент. Германската армија најавува и ангажирање на хеликоптери за таа цел. Два хеликоптера „кои се особено соодветни за ангажман во градовите“ во меѓувреме слетаа во Кабул, јави германското Министерство за одбрана на Твитер. Намерата е со нив да се спасуваат одделни лица кои се наоѓаат во опасност.

И покрај тензиите, евакуацијата треба да продолжиФотографија: Bundeswehr

Од преземањето на власта од страна на радикално исламистичките талибанци во Авганистан пред една недела, Бундесверот има евакуирано над 2000 луѓе од Кабул.

Повеќе:

Зошто тајните служби потфрлија во Авганистан?

Зошто авганистанската армија падна како кула од карти пред талибанците?

Во главниот град на Аганистан, пак, денеска пристигна вицешефот на талибанците Абдул Гани Барадар, кој со членовите на талибанското движење и други политичари има намера да води разговори за нова влада, јави германската агенција ДПА повикувајќи се на талибански кругови. Барадар е досега највисокиот по ранг талибански лидер кој пристигнал во Кабул. Каде се наоѓа талибанскиот водач Хајбатулах Ахундзада и неговите двајца заменици, не се знае. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми