1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Авганистанецот кој побегна од Кабул

Оливер Залет
26 август 2021

Многу Авганистанци сѐ уште очајно се обидуваат да бидат евакуирани од Кабул. Еден авганистански градежник, кој работел за американската амбасада, успеал да побегне со семејството во САД.

Afghanistan Kabul Flughafen Airbus A400M Bundeswehr
Фотографија: Marc Tessensohn/Bundeswehr/dpa/picture alliance

Мирза (чие име е променето) сега е во САД. Братучед кој живее во близина на Сиетл го отворил својот дом за Мирза и неговото шестчлено семејство.

Како и повеќето други Авганистанци, тој бега од талибанците и стравува од репресалии, па сака да остане анонимен. Во текот на посетата на ДВ, семејството чека надвор.

„Многу сум загрижен кога разговарам со фамилијата. Мнозинството знае дека сум овде и дека сум безбеден во САД, но ризикот за остатокот од фамилијата е голем. Поради мене, може да се соочат со голем ризик“, вели Мирза.

Повеќе:

Хаосот на аеродромот во Кабул - симбол на војната во Авганистан

Германски специјалци влегле во Кабул да евакуираат цивили

Како Мирза успеал да побегне од Кабул, која е цената што мора да ја плати и од што стравува, погледнете во видеото:

Нов живот за Авганистанецот кој побегна од Кабул

02:19

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми