1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авганистан-и по две години по падот на Кабул многу отворени прашања

13 ноември 2003
На денешен ден пред две години од Кабул беа протерани Талибанците од страна на Северната алијанса со помош на американските трупи.Со тоа во Авганистан пред се беше потиснато влијанието на териристичката мрежа на Ал Каеда и на Осама бин Ладен,одговорни за нападите од 11 септември.И по две години од ослободувањето на Кабул,Талибанците и Ал Каеда сепак не се целосно победени.

Крајот се случи во зората.Крајот на петгодишното владеење на Талибанците во Авганистан,означен со влегувањето на Северната алијанса во Кабул,придружувани и од еден британски репортер-Џон Симпсон: -Изгледаше дека нема да има никакви проблеми.Насекаде околу нас беа пријателски расположени луѓе,кои извикуваа-смрт за Талибанците.
Оттогаш нешто се промени во Кабул.Се повеќе се градат куќи во стариот ,разурнатиот дел од градот.Тезгите на рабовите на улиците тежат од стока.Абдураман овде купува облека и целосно е задоволен:
-Нашата влада и странските трупи го обезбедуваат мирот.Во споредба со времето на Талибанците постои повеќе работа,никнуваат продавници.Но,странските војници сеуште не можат да го напуштат Авганистан.Ние Авганистанците не се разбираме меѓусебно. Олеснување владее што меѓународните безбедносни сили за Авганистан-ИСАФ,се тука,а сега не се надлежни само за Кабул туку и надвор од него.Германскиот Бундесвер е во Кундус,други НАТО држави и во други места.Но,безбедноста минативе месеци е влошена.Проблем пред се за од САД предводената антитерористичка коалиција:Талибанците и Ал Каеда се прегрупираат и минатите денови ја обновија заканата против странските војници.Дали падот на Кабул беше само минлива победа?САД го одрекуваат ова и уверуваат дека сето е под контрола.Портпаролот на коалицијата Родни Дејвис:
-Ако се свртите наназад,Авганистан веќе 24 години е вовлечен во конфликти без прекин,од тој аспект денеска земјата ја сметаме за побезбедна и постабилна отколку во тој четвртина век.Големиот дел Авганистанци се релативно безбедни.Постојат бунтовници и активности против коалицијата,на тоа работиме.
Борбите и инцидентите ја кочат обновата.Само една третина од земјата важи како несигурна за хуманитарните организации,а исто така и за фирмите подготвени за инвестирање.Претерани стравови,ги нарекува авганистанскиот министер за обнова Амин Фарханг: -Преку медиумите понекогаш се шират погрешни информации кои делуваат заплашувачки.Мораме да направиме повеќе за да ги донесеме странските инвеститори и да ги убедиме дека вреди да се вложува во Авганистан.
Повторно чекање на помош.На дополнителни 20 милијарди долари за обновата.На повеќе странски војници,пред се за обезбедување на изборите во следната година.Претседателот Хамид Карзаи: -Ни требаат неколку години пред Авганистан да создаде своја армија,полиција,правна држава и управа.Додека да не ни треба никаква помош,ќе поминат многу години. Дека постои уставен предлог,дека големото собрание Лоја Џирга ќе се состане во декември за планирање на изборите,за тие големи успеси се сите единствени.Но,следат критични месеци.Дали Талибанците и Ал Каеда можат да бидат потиснати?Дали власта во провинциите ќе воведе ред?Дали обновата ќе биде низ целата земја.Почеток со прашалници и две години по падот на Кабул.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми