1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авганистан меѓу војна и обнова

17 декември 2003

Последните ракетни напади врз Кабул се дело на група насочена против централната влада о меѓународните организации, смета командантот на ИСАГ - мисијата во Авганистан Гец Глимерот.

Ситуацијата е најтешка на југот од земјата, по смртта на соработничка на ОН и грабнувањето на луѓето што помагаат во обновата смета генерал Глимерот. Централната влада и нејзините помошници од ИСАФ, као и антитерористичката коалиција не можат да воспостават ред во целата земја:

"Според наша проценка тоа се групи што самите се собрале, значи не станува збор за организирање од страна на Талибанците или од сили на Ал Каеда. Според тоа не можат да ја загрозат севкупната ситуација во Авганистан". Генералот на НАТО е оптимист посебно кога станува збор за антитерористичката акција што ја поведа Американците против Талибанците. Според него авганистанската армија и полиција во меѓувреме ќе стануваат поголеми и поспособни. Кон стабилноста во земјата придонесуваат и меѓународните тимови за обнова, како и германските во Кундус. Глимерот смета на долгорочност на овие акции: "Треба да се тргне од тоа дека овде ќе бидат потребни меѓу 4 и 6 години воена поддршка. Тоа допира едно друго прашање, имено цивилните напори, помошта, експертите и пристигнувањето средства. Тоа сето е проблем за децении. Тоа подразбира и остварување на ветувањата, навреме да доаѓа помошта". До средината на идната година во Авганистан ќе има 13 тимови за обнова, двојно повеќе од сега. Германската база во Кундус до крајот на годинава ќе биде подготвена за акција, за по неколку недели да може да се стави под командата на ИСАФ, односно на НАТО. Генералот предупредува дека НАТО ќе мора да се соочи и со криминалот поврзан со дрогата.

Во меѓувреме, вчера се одржа свеченост по повод пуштањето во употреба на автопатот меѓу Кабул и Кандахар, проект во кој освен Американците учествуваа и Јапонците. Убав настан за Авганистан, но очигледна беше напнатоста, зашто на секои 200 метри стоеја војници на авганистанската национална армија. Под силни мерки на безбедност на свеченоста, патот кој ги спојува Кабул и Кандахар во промет го пушти претседателот на авганистанската влада Хамид Карсаи кој истакна дека во Авганистан никогаш немало таква сообраќајница: "За сите нас беше тешко. За да се заврши и наједноставна работа требаше да се патува со денови по лош пат. Дури и болните ги носевме во соседните земји, толку лоши беа патиштата во Авганистан. Денес патувањето што порано траеше 30 часа е скусено на само 5". Работите започнаа пред 9 месеци. Иако не е сосема завршен - треба да се постави вториот слој асфалт - сепак можат да се користат 485-те километри, а новиот автопат е повеќе отколку само сообраќајна поврзница, изјави Ендрју Нациос од американската агенција за меѓународен развој: "Овој пат е симбол за обновата на Авганистан што ќе обезбеди и олеснувања за трговијата, пристапот кон училиштата како и медицинските потреби, сето тоа благодарение на еден нов пат". Жителите од околните смета се задоволни: "Никогаш не веруваме дека толку бргу ќе биде готов. Но, им успеа. Патот е од големо значење за нас. Не сакаме повеќе војни, туку мир. Порано ни требаа 3 до 4 часа до Кабул, сега сме таму за 25 минути".

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми