1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Талибанците ја зазедоа провинцијата Панџшир

Ноткер Оберхојзер
6 септември 2021

Радикално исламистичките талибанци ја зазедоа провинцијата Панџшир, последниот бастион на отпорот во Авганистан. Претходно тие предложија прекин на огнот во долината Панџир.

Afghanistan | Provinz Pandschir
Припадници на милицијата на Масуд за време на тренинг во провинцијата Панџир (архивска фотографија)Фотографија: Jalaluddin Sekandar/AP/dpa

Милитантно исламистичките талибанци го правдаат насилното освојување на авганистанската провинција Панџшир (или Панџир, Панџшер, Панджшер...). Откако преговорите пропаднале „поради тоа што две лица одбивале разговори“, талибанците биле принудени да испратат воени сили и да почнат операција, изјави портпаролот на исламистите, Сабиула Муџахид на прес-конференција во Кабул.

Се смета дека тој притоа мисли на двајцата лидери на отпорот, досегашниот вицепретседател Амрула Салех и Ахмад Масуд, син на легендарниот лидер на Северниот сојуз, Ахмад Шах Масуд. Според Муџахид, Панџшир сега е под целосна контрола на талибанците, а војната е завршена и земјата веќе не е во криза.

На социјалните мрежи има слики од талибански борци пред портата на канцеларијата на гувернерот на провинцијата. Претходно борците на отпорот предложија прекин на огнот.

Талибанците во текот на викендот напредуваа во провинцијата Панџшир. Доаѓаа информации за тешки борби и освојување територија во провинцијата северно од Кабул.

Фотографија: DW

Хуманитарна катастрофа

Долината на реката Панџшир во 1990-тите беше упориште на отпорот против исламистите и досега не била никогаш под нивна контрола. Пред три недели во долината се формираше Национален фронт на отпорот под раководство на синот на Ахмад Шах Масуд, авганистански водач на отпорот и противник на талибанците кој беше убиен во 2001 година, како и на поранешниот вицепретседател Амрула Салех.

Додека во Панџшир се водеа борби, талибанците во Кабул, според наводи на Обединетите нации, се обврзале да се грижат за безбедноста на хуманитарците во Авганистан. Исламистите во разговорите дале уверување дека соработниците на хумантираните организации ќе можат слободно и безбедно да се движат низ земјата, соопшти портпарол на ОН. По преземањето на власта од страна на исламистите, околу половина од авганистанското население е загрозено од хуманитарна катастрофа, проценуваат ОН.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми