Авиокомпанијата Ер Берлин замина во историјата
28 октомври 2017Последниот лет на Ер Берлин беше на релација Минхен-Берлин. Авионот беше полн со вработени и патници, а пилотот, кој за тоа имаше посебна дозвола, за крај направи неколку круга на небото над Берлин.
Ер Берлин беше втора по големина авиокомпанија во Германија, а беше основана во 1979 година. Таа имаше околу осум илјади вработени и околу 150 летала. По објавувањето банкрот, во август годинава, Луфтханза најави дека ќе преземе повеќе делови од Ер Берлин, кои бројат неколку илјади врабнотени, како и над 80 авиони.
Во текот на претходните денови е постигнат договор за преземање на делови на Ер Берлин и од страна на Изиџет. Денеска изутрина е соопштено дека британската авиокомпанија за 40 милиони евра ќе преземе 25 авиони, а ќе ги купи и правата за полетување и слетување од аеродромот Берлин-Тегел.