Аврамопулос: Македонија 20 години не мрда од своите позиции за името
7 август 2012Аврамопулос во интервју за грчкиот весник „Реал Њуз“, вели дека Грција „ја покажала својата подготвеност, додека скопската страна се држи за истите позиции 20 години“.
Аврамопулос повтори дека Грција бара „веродостоен соговорник“ и оти тоа му било пренесено и на Метју Нимиц. Прашан за тоа што мисли во однос на тоа дека „се зборува оти Скопје ќе го покрене прашањето на Генералното собрание на ОН во септември“, Аврамопулос вели дека информациите за тоа што ќе се случува на ГС на ОН се обид да се заобиколи преговарачкиот процес.
„Ние цврсто остануваме посветени на преговарачкиот процес со надеж дека ќе видиме напредок затоа што тоа е единствен начин да ја ослободиме големата динамика во односите со нашиот сосед“, вели шефот на грчката дипломатија, Аврамопулос, во интервјуто.