1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Австралија: Катастрофи без прекин

ЖА
18 јануари 2020

По повеќемесечна суша и катастрофални шумски пожари, Австралија сега се бори со временски екстреми од друг вид.

Australien Wetter Überflutung Regen Buschfeuer
Фотографија: Reuters/ Australian Reptile Park

Обилни дождови во сојузната држава Квинсленд денеска предизвикале поплавување на повеќе автопатишта и сообраќајници, како што соопшти полицијата. Во одделни области наврнале до 33 сантиметри дожд, а метеоролозите предупредуваат од нагли поплави. На брегот јужно од Бризбејн две лица морале да бидат спасувани од надојдувачката вода.

Моркови од воздух - помош за кенгурите во Австралија

00:54

This browser does not support the video element.

Во сојузната држава Нов Јужен Велс исто така има врнежи, кои го олеснуваат гаснењето на моментно 75 пожари. Но, 25 од нив уште се надвор од контрола, соопшти Пожарникарската служба на Нов Јужен Велс. Во сојузната држава Викторија, во југоиочниот дел од Австралија, денеска сеуште беснеат десетици пожари. Во градот Мелбурн в понеделник почнува тенискиот турнир Австралиан Опен. Загадениот воздух од  пожарите на тениските играчи им причинуваше големи проблеми во квалификационата рунда. Огнот предизвика квалитетот на воздухот во целата земја да добие намалена оценка, од „добар“ во „многу лош“, информира австралиската Служба за екологија.

Од избувнувањето на првиот пожар во оваа сезона во септември во  Австралија, загинаа најмалку 28 лица, а изгореа преку 11,8 милиони хектари површина. Според груби проценки, настрадале преку една милијарда животни.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми