1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Линхарт: Преговорите со ЕУ треба да почнат во декември

ДТЗ
18 ноември 2021

Според високиот гостин од Австрија, оној којшто го исклучува Западниот Балкан, ја ослабнува Европа.

Nordmazedonien und EU
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. Bänsch

Австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи, Михаел Линхарт, кој е во посета на Скопје, денеска порача дека се заложуваат за европска перспектива на земјите од Западен Балкан и за итен почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ во декември.

„Тоа е прозорец на можности и за Албанија и за Македонија, и за ЕУ и партнерите. Се надеваме дека стартот на преговорите ќе биде означен во декември“, порача тој на прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

Според Линхарт, оној којшто го исклучува Западниот Балкан, ја ослабнува Европа. „Сакаме да им дадеме европска перспектива на земјите од Западен Балкан. За таа цел треба да им дадеме преговори во декември, на Македониј  на Албанија“, дециден е Линхарт. 

Бујар ОсманиФотографија: MFA of North Macedonia

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи смета дека Австрија е еден од најсилните поддржувачи на европската перспектива на земјата. Според него,  декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ. Османи смета дека Северна Македонија била конструктивна во однос на преговорите со Бугарија за решавање на спорот. 

„Ова е период што ќе ја детерминира европската иднина на земјата. Се надеваме на одлука за старт на преговорите во декември, но тоа зависи и од тоа дали дотогаш ќе има нова влада во Бугарија“, вели министерот. Тој додава дека 26 земји од ЕУ даваат поддршка за декември, но дали ќе биде месец пред или потоа зависи и од тоа кога Бугарија ќе има нова Влада.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми