Австриски пожарникар повреден во пожарите во Беровско
ДТЗ
10 август 2021
Се прават напори да се обезбеди негов итен транспорт за Виена, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.
Реклама
Австриски пожарникар е повреден при гаснењето на огнената стихија во Малешевијата. Станува збор за 53-годишен пожарникар кој од почетокот на минатата недела учествувал во деноноќната битка со огнената стихија која го зафати источниот дел, пеплосувајќи ги „белите дробови“ на земјата.
„Пожарникарот има скршен пршлен и посериозни повреди со коишто се здобил вчера при акцијата за гаснење на пожарите во беровскиот регион“, вели во изјава за ДВ директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Тој денеска го посетил повредениот пожарникар, со цел да се информира за неговата здравствена состојба.
„Пожарникарот е во стабилна состојба, пружена му е помош и е хоспитализиран на Клиниката за трауматологија во Скопје. Се прават напори да се обезбеди негов итен транспорт за Виена“, вели Максути.
Пожарникарот е дел од поголемата група пожарникари волонтери од Австрија, коишто пристигнаа во Северна Македонија за да помогнат при глснењето на огнената стихија којашто зафати повеќе региони. Најдраматична беше битката за спасување на Беровскиот, каде што бил распореден и овој пожарникар.
Пожарникарите од Австрија се придружувани и од два лекарски тима, коишто веднаш му укажале помош на повредениот, по што му била пружена помош и од македонските лекари.
„Нема оштетување на нервите, нема потреба од операција. Засега препораката е да мирува“, вели Масути по посетата на пожарникарот во болница.
Огнениот пекол и пустошот потоа
Шумски пожари продолжуваат да избувнуваат и да горат ширум земјата, додека македонските граѓани се соочени со страшните искуства и апокалиптичните сцени по пеколната ноќ во Кочани и регионот.
Фотографија: Arbnora Memeti
Непроспиена ноќ
Жителите на Кочани и на околината преживеаја ноќ на хорор, откако пожарот кој избувна во попладневните часови на 2. август во близина на градот, поттикнат од ветерот се приближуваше кон градот и другите населени места.
Фотографија: Arbnora Memeti
Закана за Кочани
„Пеколот се спушти на земјата“ Вака очевидци за македонските медиуми ги опишаа моментите додека пламените јазици му се закануваа на градот. Десетици луѓе побарале лекарска помош поради задушување, но нема луѓе со сериозни повреди, ниту загинати.
Фотографија: Fatos Musliu/DW
Битка против пламените јазици
Битката со огнената стихија траеше со часови, а стотици мештани им се приклучија на пожарникарите со „голи раце“ учествуваа во напорите за локализирање на пожарот.
Фотографија: Arbnora Memeti
Сам среде огнениот пекол
Ваквите херојски ангажмани на бројни луѓе вклучени во битката со стихијата, придонесоа за локализирање на пожарот и спречување на жртви и поголеми материјални штети.
Фотографија: Arbnora Memeti
Армијата на помош
Најголем дел од фотографиите во оваа галерија се направени во село Тркање, Кочанско. Во ова место вчера беше најкритично, селаните заедно со војската патуваа два часа пешки за да се качат во планина, немаше пристап за да се стигне со моторно возило.
Фотографија: Arbnora Memeti
Трагите на уништувањето
Иако поголеми материјални штети беа спречени, сепак пожарот остави зад себе апокалиптични сцени во Кочани... Уништени куќи...
Фотографија: Arbnora Memeti
Трагите на уништувањето
...Изгорени возила
Фотографија: Arbnora Memeti
Трагите на уништувањето
пеплосани борови шуми и животни...
Фотографија: Arbnora Memeti
Каде се ер тракторите?
По пожарот во Кочани, но и поради другите активни пожари во земјата се поставува прашањето на одговорноста. Имено С.Македонија има ер трактори ( како овие на фотографијата направена во Турција) за гаснење пожари, кои меѓутоа не се во функција, зашто не се сервисирани. Пожарникарите имаат возила, ама некои од нив дотраени и со работен век од 30-тина години...