1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австрија сака да посредува за спорот со Бугарија

ДТЗ
4 мај 2021

Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер денеска во Скопје ја пренесе ваквата порака од нејзината земја со цел откочување на евроинтеграциите.

Nord-Mazedonien: Nikola Dimitrov, Außenminister
Димитров: Немаме право однапред да креваме рацеФотографија: Regierung Nordmazedonien

Австрија сака да биде посредник во надминувањето на спорот помеѓу С. Македонија и Бугарија за откочување на евроинтеграциите. Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер ја пренесе пораката од нејзината земја на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров во Скопје. 

-повеќе на темата:  Австрија апелира Бугарија да ја тргне блокадата кон С. Македонија

„Сакам да ја истакнам понудата на Австрија да посредуваме во решавањето на спорот. Сега се работи за ништо помалку од нашата заедничка иднина. Сега, кога се ближи 9 Мај – Денот на Европа, да ги вградиме земјите од Западен Балкан во дијалогот. Интеграцијата да се забрза и да се даде перспектива. Затоа, Австрија сака како партнер на земјите од Западен Балкан да ја игра оваа улога, знаејќи дека на европско ниво треба уште некои работи да се дозавршат за дијалогот да продолжи“, изјави Едштадлер. Според неа, С. Македонија нема да остане зад Албанија во однос на добивањето датум за преговори. 

-повеќе на темата: С.Македонија ќе добие 119 илјади вакцини на Фајзер од ЕУ

Вицепремиерот Димитров вели дека не треба однапред да се креваат раце за европската перспектива на земјата и решавање на спорот. „Овде ќе има локални избори, во Бугарија во ноември ќе има претседателски избори. Мислам дека немаме право однапред да креваме раце. Многу земји членки на ЕУ чувствуваат и разбираат дека е крајно време оваа година да има сериозно поместување кон подобро за европската идеја во нашиот регион. Многу е тешко тоа да биде убедливо ако македонскиот случај не биде препознаен и потврден преку меѓувладина конференција. На регионот му треба успех оваа година“, истакна Димитров.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми