Австрија како олеснувач на одот кон ЕУ
12 јануари 2006Ќе бидат организирани две политички министерски дебати околу перспективите, реформите и пред се борбата против криминалот, на релација ЕУ-Балкан. Сакаме да обезбедиме регионот да направи напредок кон членството во унијата, рече во Скопје австрискиот амбасадор, Филип Хојос.
“Во наредните 6 месеци се очекува владината агенда за реформските приоритети. ЕК ќе го определи рокот за почеток на преговорите со Македонија. Австрија во следните 6 месеци само ќе го олеснува процесот“, се огради амбасадорот Хојс од новинарската провокација – кога Македонија може да очекува старт на ефективни разговори.
Австријците се лути противници на проширувањето на ЕУ, покажа неодамнешниот Евробарометар. Австрискиот дипломат во Скопје реагираше: не треба да се оценува според анкетите. Тој утре, заедно со евроамбасадорот Фуере, во парламентот ќе ги соопшти очекувањата на Брисел за македонските приоритети во реформирањето, по добивањето кандидатски статус. Околу визниот режим, Хојос денеска рече:
“Да, ние знаеме дека е проблем Шенген системот. За либерализација на визниот режим се неопходни претходни реформи во полицијата, што ќе се обезбеди и со поблиска соработка меѓу МВР и европските полиции. Клучен фактор за визите се договорите за реадмисија. “