1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австрија каkо нова надеж

21 јуни 2005

Надежите за нов политички почеток на Европската унија веќе се насочени кон почетокот на идната година кога од 1 јануари претседателството од Велика Британија ќе го преземе Австрија.

Тони Блер - „Црниот Петко„
Тони Блер - „Црниот Петко„Фотографија: AP

Сојузниот канцелар на оваа земја Волфганг Шисел по тој повод вели:

„Лично верувам дека дека не треба да се откажеме од настојувањето да имаме Унија која нема да одговара само на економските прашања, односно на слободната трговија, туку дека е подготвена да се бори за заедничките вредности. Значи европски општествен и економски модел, социјален модел кој е подготвен и за заеднички надворешно-политички настап„.

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер го поддржува овој став:

„Дали сакаме се уште политичка унија, Унија на солидарност, или ќе ја третираме како заеднички пазар? Тоа се суштинските работи за кои станува збор„, вели германскиот министер Фишер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми