1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот ислам е без алтернатива

Лоај Мадхун Превод: СН13 јануари 2015

По атентатите во Париз се води дискусија за наводната тенденција на исламот кон насилство. Тоа го искривува погледот на успесите во процесот на натурализацијата на исламот во Европа, смета Лоај Мадхун.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Разбирливо е по перфидните напади во Париз да се поставуваат добро познатите прашања: дали исламот во сржта е религија која ги презира луѓето и го слави насилството? Може ли во светите страници на оваа светска религија да се прочита формула која ги легитимира оргиите насилства на разулавените џихадисти? И уште поважно: дали е неуспешна интеграцијата на муслиманите во Германија и во Европа? Овие прашања се секако оправдани. Но сепак тие ја заобиколуваат главната проблематика, а тоа е прашањето на консензус на исламската религија со достигнувањата на модерното и со вредностите на слободно-демократски уреденото општество.

Дека не постои еден „ислам“ како статична, непроменлива целина, тоа во меѓувреме најверојатно стана општопознато. Ни муслиманите не се монолитен блок- никаде во светот. Во секоја исламски проникната земја всушност се пропагира и практикува некој друг ислам. Строго вахабитскиот ислам во Саудиска Арабија го делат светови од владејачкиот, шиитски државен ислам во денешен Иран. А во многу економски успешни исламски земји како Малезија и Турција веќе одамна се етаблираше прагматично-конзервативниот исламски „центар“.

Оваа специфичност на исламот јасно открива дека муслиманите на крајот сами одлучуваат за тоа што ќе дефинираат како „исламско“, во целост независно од тоа каде и кога живеат. Сунитскиот ислам не е означен со хиерархии и тој не познава врховен авторитет како што е тоа папата во католичката црква. И тоа не води до важното суштинско прашање кое би требало да се постави по нападите во Париз: кој ислам во Европа всушност сакаме да го имаме?

Лоај Мадхун, автор на коментаротФотографија: DW

Успесите во натурализација на исламот

Поради емоционалната и контроверзно водената дебата се заканува опасност од предвид да ги загубиме важните успеси од последните години. Со конструирање на Германската исламска конференција (ДИК) во 2005. година и со тоа поттикнување на процесот на натурализирање на исламот во слободното-демократско уредување започна нова ера на германското разбирање на државата.

И покрај сите спротивности и расправии, овој процес на отворен дијалог меѓу државите и нејзините муслимани во Германија во корен ја промени меѓусебната перцепција и видливост на исламот. Иако политичките сили го користат „исламот“ како проекциска површина за тешко опипливи стравови и се’ почесто го злоупотребуваат, не може да се негира успехот на активната интеграциска политика.

Во меѓувреме на покраинско ниво беше постигнат напредок со воведувањето конфесионална исламска настава во државните училишта. И релативно успешното етаблирање на катедрата за исламска теологија на тукашните универзитети ветува и сигурно ќе даде важен придонес за тоа во Германија и во Европа да се развие автентичен, демократски компатибилен ислам и „увезеното“ толкување на исламот ќе го направи застарено.

Поради тоа што исламот секогаш бил дете на своето време а исламската теологија производ на политичка моќ, државата и општеството би требало да сторат се’ за да се забрза европеизацијата на исламот. Дека тоа е без алтернатива, на брутален начин ни покажуваат ужасните терористички напади во Франција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми