1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Автогол за Германија

28 април 2011

Наскоро се отвора и последната рампа на германскиот работен пазар. Од 1 мај се воведува слобода на работниот пазар во ЕУ, исто и за луѓето од осум земји од Источна Европа. Но, најдобрите работници веќе се во други земји.

Symbolbild Abkapselung deutscher Arbeitsmarkt Schranke
Германија ги отвора портите за осум источноевропски земји-членки на ЕУФотографија: BilderBox

Штефан Шмит, вработен во персоналното одделение на фирмата Тренквалдер од Келн, обично седи во својата канцеларија. Но, сега тие поставија омнибус во центарот на градот, каде може да се обратат оние кои бараат работа. Во невообичаените времиња мора да се применуваат невообичаени мерки, вели Шмит: „Понудата на работници на пазарот на трудот значително опадна, помина времето кога чекавме тие сами да бараат работа кај нас.“

Недостаток од работна сила во Германија

Германија во 2004 година воведе ограничувања за работната сила од Источна ЕвропаФотографија: picture alliance/dpa

На 1 мај се укинуваат последните ограничувања за слободното движење на работната сила од осум источноевропски земји-членки на Унијата. Луѓето од Чешка, Полска, Словачка, Словенија, Естонија, Латвија, Литванија и Унгарија ќе можат да живеат и работат во Германија, без поставување никакви услови. Во Германија расте надежта дека тоа е можеби решението за недостатокот од работна сила во земјата. Но, се чини дека укинувањето на ограничувањата за слободниот пазар на трудот доаѓа доцна. Уште во 2004 година некои земји, како Велика Британија, Ирска и Шведска, ги отворија своите порти за странската работна сила и имаа голема корист од тоа.

Тренквалдер има повеќе претставништва во Источна Европа и обезбеди база на податоци пред претстојните промени на 1 мај. Но, никој не очекува масовно иселување на источноевропската работна сила. „Сигурно нема да има голем бран, повеќе стравуваме дека многумина од Источна Европа веќе работат во другите земји“, известува Анете Шајб од Тренквалдер.

Непополнети работни места во повеќе бранши

Михаел Хитер, директор на Институтот на гермаснкото стопанство во КелнФотографија: picture-alliance/ ZB

Експертите се надеваат дека работниците од источноевропските земји ќе бидат од полза за Германија. Михаел Хитер од Институтот на германското стопанство вели: „Постои голема потреба кај различните бранши, да ги пополнат постоечките работни места. Приливот од Источна Европа ќе помогне барем да се намали недостатокот од стучни кадри. Тоа нема да биде решение, туку ублажување на проблемот.“

Но, се чини дека Германија го пропушти возот. Ограничувањата на слободниот пазар на трудот во 2004 година претставуваат автогол. Денес Полска е во подем, и таму во моментов има недостаток на стручни кадри. Така луѓето повеќе не чувствуваат потреба да ја напуштат својата земја, доколку веќе не заминале за Скандинавија или Велика Британија.

Германија е само една од можните дестинации за висококвалификуваните источноевропејци. За квалитетните стручни кадри премногу долго важеа неатрактивни правила за престој, додека другите земји многу подобро ги прифатија. Оние кои сакаат да работат во Германија се веќе таму, или уште одамна се заминати во некоја друга земја.

Автор: Арне Лихтенберг/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми