1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Автомафијата не познава граници

Самир Хусеиновиќ / Ивана Стојкова10 септември 2014

Акциите „Кавала“ и „Кавала 2“ се доказ дека единствено здружените полициски сили можат да излезат на крај со организираните кражби на автомобили, кои во изминатиов период достигнуваат драматични размери во регионот.

Фотографија: SIPA

Кражбата и криумчарењето на автомобили спаѓаат во најпрофитабилните „бизниси“ на мафиите на Балканот, во кои сите детали се испланирани речиси до совршенство. Препродавачите на украдените автомобили се одлично опремени, поседуваат техничко знаење на завидно ниво и се мајстори за измама.

Според податоците на обвинителството на Босна и Херцеговина, автомафијата честопати краде автомобили во една држава, а потоа со фалсификувани документи ги препродава во друга. Во последниве неколку години на мета им се главно луксузните германски возила од поново производство. За нив, според тврдењата на полицијата нема граници. Тоа се најчесто мултиетнички групи, кои неоптоварени со дневната политика, дебело заработуваат.

Д.Ј. од Сараево е една од многуте жртви на автомафијата. Откако му го украдоа автомобилот пред неколку години, крадците му се јавија на телефон, а потоа следуваше и договор за „откупнина“. Надвајќи се дека ќе му го вратат украденото возило, Д.Ј. ја плати откупнината, но автомобилот не го доби назад. Тој е само еден од низата сараевчани чијшто автомобил е украден од страна на автомафијата од Република Српска (РС). Крадците на неговото возило подоцна беа уапсени, но неговиот автомобил не го најдоа.

Во акциите „Кавала“ и „Кавала 2“ уапсени беа десет лица, а во истрагата се опфатени луѓе од повеќе европски држави. Целта на акцијата е кривично гонење на луѓето, кои меѓу другото се осомничени за криумчарење, неовластено користење на лични податоци, кражби на возила и фалсификување на исправи, изјави за ДВ портпаролката на Центарот за јавна безбедност на Бања Лука, Марија Маркановиќ.

Голем број на украдени возила во БиХ потекнуваат од ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa

Криминалната група предводена од Тузлак?

„Во понеделникот (08.09) извршени се претреси на тринаесет локации на подрачјето на БиХ. Од слобода се лишени десет лица, за кои постои сомнение дека како членови на организирана криминална група ги извршиле тие кривични дела, а под истрага се и уште тројца други лица кои издржуваат казна затвор во казнените установи во Западна Европа“, вели Марија Маркановиќ.

Според неофицијални извори, организаторот на криминалната група е од Тузла. Членовите на криминалната група биле распоредени на териториите на БиХ, Србија, Словенија, Италија и Германија, а дејствувале по наредбите на шефот од Тузла.

„Организираната криминална група крадела поголем број на скапи возила, најчесто од марката BMW тип X5 и X6, на територијата на Словенија и Италија и потоа истите ги продавала во земјите на ЕУ, најчесто во Германија”, изјави Мирјана Маркановиќ.

Групата криминалци користеле украдени и фалсификувани документи од Сојузна Република Германија и БиХ. Тие изнајмувале голем број на скапи возила, камиони, работни машини, како и друг вид на опрема на подрчјето на Германија и на тој начин го организирале превозот до БиХ, каде ги фалсификувале идентификациските ознаки и документацијата на возилата, за да ги продаваат како легални.

Меѓународната соработка - клуч за успехот

Акциите „Кавала“ и „Кавала 2“ беа спроведени од страна на Службата за сузбивање на организираниот криминал и корупција на Република Српска, во соработка со полицијата во Србија, Словенија и Германија, кои активно учествуваа во прибирањето докази. Точниот број на украдени возила на територијата на БиХ е тешко да се утврди, бидејќи не се сите случаи пријавени во полиција. Најголемиот дел од кражбите се извршени во БиХ, при што најмногу во Сараево. Само на територијата на главниот град на БиХ во првите шест месеци од 2014 година пријавени се кражби на 430 моторни возила. Се претпоставува дека најголемиот дел од украдените возила од Сараево завршуваат на територијата на Република Српска или во некоја од соседните држави, главно во Србија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми