1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Автомобили без возачи на кинеските улици

Бенјамин Ејсел / ЕМФ9 април 2016

Шведскиот автопроизводител Волво има намера во Кина да тестира 100 автомобили без возач. Кинеските власти се многу отворени за новата технологија. Тоа за нив е можност за подобро регулирање на сообраќајот во градовите.

Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Kahnert

Во кинеските големи градови секојдневно милиони возачи се заглавени во сообраќајни турканици. За Волво се тоа идеални услови за тестирање на самоуправувачки возила.

Хакан Самуелсон, раководител во Волво, вели:

„Кина е земја во која навистина има потреба од самоуправувачки автомобили. Овде стотици илјади луѓе секојдневно минуваат многу долго време зад управувачот и така губат време. Токму тие се нашите потенцијални муштерии.“

Овде може да го погледнете видеото:

Кина како полигон за тестирање самоуправувачки возила

01:39

This browser does not support the video element.

Волво е дел од кинескиот автоконцерн Џили. И тоа сигурно е една од причините зошто 100 самоуправувачки возила на Волво ќе бидат тестирани во секојдневието токму во Кина. Кинеските власти се многу отворени за новата технологија. За нив самоуправувачките возила се можност за подобро канализирање на сообраќајните бранови во преполнетите градови. Но, иако кинеските муштерии генерално важат за наклонети кон техниката, ќе треба да се поработи уште на нивно убедување.

„Потрошувачите отсекогаш биле скептични кон нова техника. Затоа мора да излеземе на улиците и да покажеме како функционираат нашите автомобили. Се разбира, важно е и тоа што луѓето веруваат во нашата безбедност“, вели Самуелсон.

Волво има намера да гарантира во случај на несреќа. Сѐ уште не јасно каде и кога ќе почне тестот во Кина. Меѓутоа, автопроизводителот најави дека првите самоуправувачки возила би требало да им бидат продадени на кинеските купувачи во 2020 година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми