1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рамковните ќе се вдомат во МВР, УЈП, Царина...

ДТЗ /ДВ
22 јануари 2021

Со планот којшто го презентираше вицепремиерот Артан Груби, тие ќе бидат прераспределени токму во најпосакуваните државни институции

Nord-Mazedonien | Artan Grubi | DUI  Generalsekretär
Првиот вицепремиер Артан ГрубиФотографија: DW/P. Stojanovski

Во МВР, УЈП, Царината и во Државното правобранителство ќе се обезбедат највеќе столчиња за административците кои досега седеа дома и земаа плата. Тие до крајот на месецот ќе мора да почнат да работат. А, најголем дел од нив во меѓувреме, со планот којшто го презентираше вицепремиерот Артан Груби, ќе бидат прераспределени токму во најпосакуваните државни институции во Северна Македонија, каде и платите и условите за работа важат за меѓу подобрите во администрацијата. 

Битка за влез во 237 институции

Станува збор за 1.349 службеници кои според Рамковниот договор се вработени во Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, а во наредниот период ќе бидат распоредени во 237 институции и органи на државната и локалната самоуправа. Меѓу нив, најголемиот дел се економисти и правници, но има и кадар со средно образование. Вицепремиерот и министер за политички системи, Артан Груби денеска го презентираше планот кој претходно помина на Влада. 

-повеќе на темата: А, со кафе и локум ќе ги понудите ли?

Груби вели дека станува збор за прочистена листа и на неа нема лица кои се водат како вработени, а всушнот се заминати во странство. Според Груби, меѓу административците нема само Албанци, туку и Македонци, Роми, Турци, Срби и Бошњаци. Нивниот трансфер ќе се врши преку систематизација на работните места на исто ниво согласно условите кои ги исполнуваат. Во рок од седум дена, тие треба да ги подигнат упатните решенија од Министерството за политички системи и односи меѓу заедници. Оние кои нема да дојдат да го подигнат упатното решение за во друга институција, ќе бидат ставени на трансфер листа. Потоа ако ја одбијат првата понуда ќе добијат отказ. 

Најголем дел од прераспределените административци ќе одат во МВРФотографија: picture alliance/dpa/Patrick Pleul

Трансфер

Трасферот ќе се одвива на следниот начин: Врз основа на планот за распределба, институциите ја утврдуваат одлуката додека раководните лица во институциите се должи да започнат постапка за усогласување на актите на систематизација на работните места во рок од 30 дена од одобрувањето на планот. Министерството за финансии веќе дало целосна согласност за планот. Министерството за информатичко општество и администрација е должно да даде согласност во рок од седум дена за промените во систематизацијата. Органите на државните администрација во кои ќе бидат распределени службениците се должни да им обезбедат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини. 

-повеќе на темата: Државата им најде работа на 1.300 административци кои седеа дома 

„Ако по кој било основ некој не дојде да го земе упатното решение во рок од 7 дена, тогаш му се укинува работното место во Министерството за политички систем и се ставаат на трансфер листа во Министерството за информатичко општество и администрација каде веќе изборот не е нивен, односно од институцијата која има слободно место им се нуди. Ако тоа го одбијат им се укинува работниот договор“, објаснува Груби.
 
Институциите кои ќе преземат најголем дел од административците се:  
•  Министерство за внатрешни работи 143;
•  Управа за јавни приходи 92;
•  Државно правобранителство 74;
•  Царинска управа - 74
•  Управа за водење на матични книги - 41
•  Државен пазарен инспекторат - 35
•  Агенција за заштита на личните податоци - 30
•  Агенција за катастар - 29
•  Министерство за надворешни работи - 26
•  Клиничка болница Тетово - 25
•  Министерство за финансии - 25
•  Центар за управување со кризи - 24
•  Фонд за здравствено осигурување - 22
•  Министерство за земјоделство - 21
•  Агенција за вработување - 20
•  Државен завод за статистика - 15
•  Фонд за пензиско и инвалидско осигурување - 13
•  Управа за имотно правни работи - 12
•  Служба за општи и заеднички работи при Владата - 12
•  Државен архив - 12
•  Државен инспекторат за труд - 12
•  Министерство за информатичко општество и администрација - 11
•  Министерство за образование и наука/Биро за развој на образование - 11
•  Државен просветен инспекторат - 10
•  Министерство за транспорт и врски - 10
•  Агенција за храна и ветеринарство - 10
•  Дирекција за заштита и спасување - 10
•  Јавно претпријатие за државни патишта - 10
•  Основен суд Тетово - 10
•  Јавно обвинителство Тетово - 10
•  Клиничка болница Куманово - 9
•  Меѓуопштински центар за социјална работа во Гостивар - 8
•  Министерство за животна средина и просторно планирање - 5
 
Над осум милиони евра за „армијата“ вработени

Над осум милиони евра државата издвојува секоја година за „армија“ вработени според Рамковниот договор кои воопшто не доаѓаат на работните места. По една деценија безуспешно барање решение за овој проблем, кој преставува сериозен товар за буџетот, надлежните најавуваат дека со планот за прераспределба конечно ќе се најде работа за над 1.300 административци. Според официјалните податоци, во Министерството за политички систем се вработени вкупно 1.500 лица. За десетина години проценките се дека рамковните вработувања државата ја чинеле околу 100 милони евра.

-повеќе на темата: Многу административци, малку столчиња за нив

Овие вработувања се спроведени во периодот 2008-2015 преку Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Според податоците, во земјава има над 135 илјади административци. Изминативе година имаше повеќе предлози и иницијативи за решавање на овој проблем. На пример во 2018 година, Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор и Министерството за администрација, излегоа со план во рок од два месеца од вкупно 1.600 службеници, 958 да бидат систематизирани низ јавните институции. Останатите, пак, требаше да бидат распределени во нареднот период врз основа на образованието, искуството и местото на живеење. 

Владата ги укинува, привремените вработувања се множат

01:10

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми