1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Истрага за инцидентите на аеродромот во Кабул

Катрин Бранд (ард)
18 август 2021

При полетувањето на американски воен авион во Кабул пред два дена луѓе се држеа за леталото, повеќемина најверојатно загинаа. Во подвозјето на авионот е пронајдено тело на починат. За индицентите е отворена истрага.

Afghanistan Bildergalerie Kabul Flughafen Evakuierung
Фотографија: ASSOCIATED PRESS/picture alliance

Американското воено воздухопловство отвори истрага во врска со хаосот околу полетувањето на еден воен авион на аеродромот во Кабул. Авион на американското воено воздухопловство во понеделникот (16.08) полетуваше од аеродромот во Кабул опкружен од стотици цивили на пистата. Драматичните сцени го обиколија светот. На едно видео можеше да се види како голем број луѓе трчаат покрај американскиот авион во движење. Дел од нив се имаа качено на долниот дел од авионот и се држеа цврсто за него.

Сега воената авијација соопшти дека по слетувањето на тој авион во Катар, во подвозјето на леталото е пронајдено тело на починат. Авионот е приземјен за да биде извршена истрага. Во истрагата се вклучени и видеа и други содржини од социјалните мрежи.

Повеќе:

Фотографија на денот: Повторно евакуација од Кабул

Профункционира германскиот воздушен мост за евакуација од Кабул

Особена запрепастеност предизвикаа снимките на кои наводно се гледа како луѓе паѓаат од авионот од голема височина. Се претпоставува дека биле скриени во подвозјето или дека се држеле цврсто. Американското воено воздухопловство во своите соопштенија не наведува дали навистина од голема височина паѓале луѓе од авионот. Портпаролката Ен Стефанек, меѓутоа, изјави дека иследниците сега ги вештачат видео-снимките на кои, според претпоставките, се гледа како најмалку двајца Авганистанци паѓаат од американски воен транспортен авион. Се проверуваат сите информации со коишто се располага.

Фотографија: AP Photo/picture alliance

Американското воено воздухопловство соопшти дека авионот од типот C-17 во понеделникот слетал во главниот град на Авганистан со цел да достави опрема за акциите за евакуација. Меѓутоа, пред екипажот да може да го истовари она што било во авионот, леталото било опколено од стотици Авганистанци кои се пробиле низ безбедносните блокади. Со оглед на рапидно влошената безбедносна состојба, екипажот одлучил да ја напушти пистата најбрзо што е можно. Подоцна пистата беше расчистена од страна на американски војници, за авионите, меѓу нив и од Германија, да можат да полетуваат и слетуваат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми