Академија за банкарски кадар во Скопје
12 март 2007Во прво време во Академијата ќе се обучува банкарскиот кадар на Про кредит од сите земји на Балканот. На отварањето на Акадмијата, се собраа банкари, бизнисмени, владини претставници, допломати, ги поздрави Хелен Александар од раководството на оваа институција. „Скопје ќе стане срце на Про крадит банката во Европа. Во текот на оваа година ќе образуваме стотина учеснци во банкарските случувања на Про кредит, а во текот на наредните години бројката на луѓе што ќе се обучуваат на нашата Акадмија ќе достигне 400.“ рече Хелен Александар членка на бордот на Про кредит банката.
Про кредит банката од својот влез во Македонија има покренато голем број мали и средни бизниси. Се фокусираше на микро кредитирање, даваше кредити на дуќанџии, занаетчии, земјоделци, од лани почна да кредитира и население. Во македонската економија има пласирано вкупно седумдесетина милиони евра. За менаџерот Борислав Костадинов отварањето на Академијата во Скопје е голем чекор за Македонија „Прво мислам дека тоа е многу добра вест за Македонија. Тоа е регионална Академија за сите наши банки од централна и источна Европа. Десетте банки од Украина до Албанија, а годинава се отвараат уште две, во Ерменија и Киргистан. Ќе обучуваме менаџери од средниот ешалон. Тоа се најважните менаџери кои ја спорведуваат политиката на Про кредит во целиот регион.“
Про кредит е една од малкуте странски банки кои работат во Македонија. Економските експерти во отсуството на познат банкарски бренд на македонскиот пазар ја лоцираат причината за високите кандати и неповолните кредити. Се очекува во 2007 година во Македонија да влезат неколку европски банки и да се почувствуваат ефектите на конкуренцијата.