1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кое име им се допаѓа на грчките националисти?

БГ
21 јануари 2019

По последната рунда протести против името Северна Македонија во Атина, германските медиуми се прашуваат: постои ли име кое ќе им биде прифатливо на националистите во Грција?

Griechenland Athen | Protest gegen Abkommen mit Mazedonien, Namensstreit |
Фотографија: Reuters/A. Avramidis

Спорот за името меѓу Македонија и Грција стигна и до страниците наменети за деца во германскиот печат. Зидојче Цајтунг во викенд изданието се обидува да им го објасни на своите најмлади читатели апсурдниот спор, кој трае повеќе од 2,5 децении, во текст кој носи наслов „Именден“.

„Никој не може да си го избере своето име. Дали некој ќе се вика Ана, Макс, Винету, Емили-Екстра, Пепси или Пумукл (сите овие имиња всушност постојат во Германија) одлучуваат родителите.
Не секој на крајот е среќен со нивниот избор.

Сепак, многу е тешко официјално да си го смените името. Самиот факт што е глупаво не е доволно добра причина за надлежните. Потребна е навистина добра причина. Тоа важи и за државите. Македонија имаше таква причина: веќе 25 години земјата поради своето име има конфликт со соседот Грција. Таму, имено, постои еден регион кој исто така се вика Македонија. Оттука постои опасност да дојде до забуна, а притоа Грците стравуваат дека Македонија може да има претензии кон нивниот регион. Од таа причина тие досега го блокираа влезот на Македонија во НАТО и ЕУ. Во обид да го реши спорот, Македонија сега се преименува во Северна Македонија. Но Грците повторно не се најсреќни со тоа. Тие не сакаат да го споделуваат името и посакуваат појасна дистинкција. Можеби Пумукл или Пепси?“, се прашува Зидојче Цајтунг.

Насилство на протестите против Преспанскиот договор во АтинаФотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Тагесцајтунг денеска информира од неделниот протест во Атина со забелешка дека бројноста ни оддалеку не ги исполнила очекувањата.
„Организаторите очекуваа повеќе од половина милион луѓе на големиот протест пред грчкиот парламент. До доцна попладнето, очекувањата не беа исполнети. Сепак: тоа беа едни од најголемите демонстрации последниве години во Грција.

(...) Негативните реакции на компромисот се уште се огромни. Но нема дилеми дека овој собир учествуваа значително помалку луѓе одошто порано, на почетокот на деведесеттите. Тогаш милиони излегуваа на улиците во одбрана на „историското наследство на Александар Велики“, не само во Атина, туку пред се во Солун, главниот град на грчката провинција Македонија“, пишува Тагесцајтунг.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми