1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија избра претседател

Вера Тодоровска21 јули 2007

Нов претседател на земјата е демократот Бамир Топи

Албанскиот парламент во ТиранаФотографија: AP

По низата неуспешни партиски разговори, закани со предвремени избори, препораки од Брисел и Вашингтон, и на крај пазарење со гладови, Албанија, синоќа ја надмина претседателската криза и избра нов шеф на државата. Со 85 гласови Бамир Топи, партискиот потпретседател на валдеачките демократи,е новиот шеф на албанската држава. За неговиот против кандидат Неритан Цека, гласаа само пет пратеници. Во собраниската сала, за првпат, во овој четврт круг на гласање присуствуваа и 7 пратеници од опозициската социјалистичка партија, кои со своите потписи, претходно, ја подржаа кандидатурата на нивниот поранешен лидер Фатос Нано. Гласаа само шестмина од нив, седмиот ја реализираше обврската како член на изборната комисија.

"Дојдов да гласам протигв старата политика Рама-Цека. Да ги подржам демократските процеси во Албанија. Го дадов гласот за Бамир Топи, како претседател на новата политика”, изјави Дурим Ламај еден од социјалистичките пратеници. Со него се согласуваат и неговите сопартијци, за кои тоа значи и почитување на уставот.

Заблагодарувајќи им се на пратениците и поздравувајќи ги сите свои сонародници, новиот шеф на државата вети дека ќе ги продолжи започнатите реформи и успешниот пат на земјата до ЕУ и до НАТО: ”Со почитување на Уставот, со почитување на законите , со почитување на целата албанска политика на најдостоинствен начин ќе ја преставувам албанската држава на двата предизвика кои ги имаме пред нас, интеграција во НАТО и во европското семејство", рече во првата изјава Топи.

Топи е роден 1957 година во Тирана, каде и живее со сопругата и двете деца. Дипломирал на Ветеринарниот фалуктет во Тирана, 11 години е пратеник во албанскиот парламент, и е познат по неговите заложби за отцепување од старите политики и во редовите на неговата партијата.

Од постигнатиот триумф најрадосен беше неговиот партиски лидер, премиерот Сали Бериша, кој не можеше да ги скрие емоциите: "Ова е голема победа не само за оние кои беа во салата, ова е голема победа и за сите граѓани, зашто на овој начин избегнтаи се предвремени избори, кои може да го забават економскиот развој на земјата", рече Бериша.

Раздор на социјалистите

Албанија избра претседател, но тоа го официјализира и раздорот во опозиционата социјалистичка партија. Пратениците кои учествуваа во гласањето ќе бидат исклучени од партијата, затоа што според нивниот лидер Еди Рама ,, направиле сојуз на злото за да го продолжат животот на корумпираната влада на Бериша,,. Според Рама, Топи не ја заслужува честитката на Споцијалистичката партија, покрај другито и поради тоа што во ,, првата изјава тој не настпаик како претседател на сите туку како прврзок на Бериша,,.

Албанците со тешкотии ги избираа постокунистичките шефови на државата. Првиот претседател Рамиз Алија, уште на самиот почеток на мандатот си даде оставка,под притисок на антикомунистичките демонстрации на студентите. На негово место , во 1992 година беше избран Сали Бериша. Тој беше принуден веднаш по реизборот во 1997 година да си даде оставка, поради немирите,нападите на касарните и хаосот во земјата. Единственото достоинствено предавање на функцијата го извршија Реџеп Мејдани и Алфред Мојсиу пред пет години. Така се очекува да биде и сега, по инаугурацијата која е закажана за понеделник.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми