1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија и Косово го унифицираат образованието

АМ/миа3 јуни 2014

Mинистрите за образование на Албанија и Косово, Линдита Никола и Рам Буја, денеска (03.06.) во Тирана потпишаа договор за унификација на предуниверзитетското образование.

Фотографија: Jutta Benzenberg

На церемонијата присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама, кој го поздрави потпишувањето на овој, како што рече, значаен документ за двете земји и нагласи дека не може да постои граница меѓу еден народ, кога станува збор за соработката. Според албанскиот премиер предизвик останува унифицирањето со Европа.

„Она што го направија министерствата за образование за да се постигне овој договор претставува активен национален простор. Соработката со Косово нема граници. Заедно ни останува предизвикот за унифицирањето со Европа. Овој ден влегува во историјата на развојот на образованието, ден кога се поставува камен темелник на обединувањето на образованието меѓу двете земји“, изјави Рама.

Транзицијата – закана за албанскиот јазик

Според него, спогодбата ќе послужи и за зачувување и пишување на албански јазик онака како што треба, зошто периодот на транзицијата се претворил во закана за осакатување на албанскиот јазик.

„Ова ќе биде еден историски ден за образованието во Албанија и во Косово. Една нова квалитетна ера почнува за албанското образование. Образование врз база на стандардите на ЕУ“, изјави министерката Никола.

И за нејзиниот косовски колега ова е историски ден и документ. Според министрите, овој систем ќе биде имплиементиран во повеќе училишта во новата учебна 2014/2015 учебна година, а потоа ќе се прошири и во останатите, зашто системот не може да се имплементира во една година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми