Некои жени во Албанија се' уште се одлучуваат за абортус кога ќе дознаат дека носат девојче. Селективните абортуси во зависност од полот на плодот, во Албанија се законски забранети, но притисокот на општеството понекогаш е посилен од словото на законот.