Албанија- прва пречка во квалификациите за СП
5 септември 2016 Македонија има позитивен скор во меѓусебните пресметки со репрезентацијата на Албанија во кои доминираат претежно нерешени резултати. Единствената победа Албанија ја забележа во Тирана во 1999 година. Двете репрезентации влегуваат со различни амбиции во новиот квалификациски циклус. Албанија веќе се етаблираше на европската фудбалска сцена со учеството на првенството во Франција изминатото лето, додека Македонија се уште чека прво учество на едно големо фудбалско натпреварување.
Во македонската репрезентација се враќа искусниот Горан Пандев, додека Албанија го задржа составот од последното ЕП, а неколкумина играчи кои имаа шанса да преминат во репрезентацијата на Косово, одлучија, сепак, да останат верни.
Во групата Г, освен Албанија, противници на македонската фудбалска репрезентација се уште и селекциите на Италија, Шпанија, Израел и Лихтенштајн.