1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Албанија се залага за интензивирање на пријателските односи со сите земји од регионот, без исклучок„ – вели албанскиот премиер Бериша

7 февруари 2006

Интервју на албанскиот премиер Сали Бериша за Дојче Веле

Сали Бериша
Сали БеришаФотографија: dpa

Албанскиот премиер Сали Бериша смета дека насилните демонстрации околу карикатурите со Пророкот Мухамед се плод на недемократските општествени структури. Во интервјуто за албанската програма на ДВ, тој оцени:

„Освен тоа неопходно е остро да се осудат актите на насилство и вандализам, кои избија во одделни земји, а за кои повод беа карикатурите во еден дански весник. Тоа се типични карактеристики на тоталитарни општества, манипулирани општества, кои не разбираат дека слободата на мислите и слободата на мислењето се близнаци, кои во реалноста не можат да постојат еден без друг и кои се нодминливи за секое слободно општество„ – појасни Сали Бериша на маргините на Минхенската конференција за безбедност, што се одржа на викендот.

На прашањето какви се приоритетите на албанската влада во поглед на нејзиниот придонес за безбедноста на регионот на Југоисточна Европа, албанскиот премиер рече:

„Албанија се залага за интензивирање на пријателските односи со сите земји од регионот, без исклучок. Меѓу нив се вбројува и Србија. При тоа секако останува суштински проблем конечниот статус на Косово. Албанија во тој поглед има реалистична позиција. Ние сме уверени дека почитувањето на човековите права и слободи на малцинствата на Косово, спроведувањето на децентрализацијата, дијалогот меѓу Приштина и Белград и за други проблеми надвор од прашањето на статусот, како и независноста на Косово се патот за стабилизирање на регионот. Од друга страна, со големо задоволство и одговорност можам да кажам дека сегашното политичко раководство на Косово е решено да продолжи по патот што го зацрта Претседателот Ругова. Тоа е единствено и силно и‘ се посветува на примената на гаранциите за малцинските права на Србите. Исто така и на разработката на сериозни платформи за децентрализација, што и‘ ги презентира на меѓународнаа заедница. Тоа останува оторено за дијалог. Верувам дека ќе има голем позитивен развој во насока на мир и стабилност во регионот. Таков развој ќе биде и референдумот за независност на Црна Гора, под услов изјаснувањето на граѓаните да ги исполнува сите услови за слободно и достоинствено изјаснување.„

Конечно запрашан дали смета дека преговорите ќе бидат завршени до крајот на годината, Сали Бериша во интервјуто за ДВ нагласува:

„Имам голема доверба дека претседателот Ахтисари ќе ја доведе мисијата до успешен завршеток!„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми