1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија ја призна независноста на Косово

Вера Тодоровска 19 февруари 2008

Албанската влада ја соопшти одлуката за признавање на незавинсота на Косово и најави отварање своја амбасада во Приштина.

ТиранаФотографија: DW
Соопштувајќи ја одлуката за признавање на Република Косово, албанскиот премиер Сали Бериша најави дека владата уште денес (19.02.08) ќе донесе одлука за отврање на своја амбасада во Приштина. Тој го повтори ставот на неговата земја за почитување на меѓународно признатите граници и определбата за добрососедски односи со земјите од регионот. Со независноста, Косово станува значаен фактор на меѓунардоната сцена, но исто така го прави Балканот помирен, посигурен и побезбеден во целата негова вековна историја, оценува Бериша. Албанската влада го поздрави јасното ангажирање на косовските авторитети за изградба на демократско, мултиетничко Косово, каде без оглед на етничката припадност секој нејзини жител е слободен граѓанин и еднаков пред законот.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми