1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ципрас- тактичарот

Јанис Пападимитриу /превод: СН28 април 2016

Грчкиот премиер Ципрас врши притисок за вонреден самит на ЕУ додека во Атина во оптек се шпекулации за нови избори. Нема причина за паника, бидејќи сето изгледа како тактичка игра, смета Јанис Пападимитриу

Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Vlachos

„Немој ни да помислиш да припариш во селото“. Ваква закана грчките парламентарци добиваат секогаш одново пред Велигден или Божик од нивните гласачи во земјата. Заднината: важните празници народните претставници ги минуваат најчесто во својот изборен округ. Со тоа имаат можност, да дојдат во контакт со многу луѓе и да врбуваат за својата политика и во далечни места. По избувнувањето на должничката криза меѓутоа тие ретко имаат да најават нешто радосно и затоа се пречекувани со недоверба а повремено и со насилство.

Според православниот обичај, Грција во недела го прославува Велигден и сите пратеници од владејачката коалиција ќе бидат во посета на нивните изборни окрузи. Веројатно во тоа лежи причината зошто левичарскиот премиер Ципрас во проверениот манир високо го разви знамето на отпорот против меѓународните доверители. Зашто поинаку не може рационално да се објасни зошто властодржците во Атина едноставно оставија да пропадне планираната вонредна средба на министрите за финансии од еврозоната за Грција, иако според сопствените наводи со доверителите се всушност согласни во 90 проценти за натамошните постапки во каузата Грција.

Сите опции се држат отворени

Но затоа грчкиот премиер повторно бара вонреден самит на ЕУ. Тоа е старата шема: од самиот почеток левичарскиот политичар сакаше партнерите во ЕУ на највисоко ниво да разговараат за неговата земја, како функционерите од ЕУ од Европската Централна Банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд при овие преговори да имаат само малку да кажат. Со ваквата стратегија Ципрас во минатата година не стигна далеку. Очигледно сака да се обиде уште еднаш.

Најверојатно сето тоа е само тактика. При целиот цик-цак курс од изминатите месеци политиката на Ципрас сепак има една впечатлива константа: левичарскиот премиер сака да ги држи отворени сите опции колку што е можно подолго и да донесе одлука дури во внатрешно-политички најповолниот, а можеби и реално политички последниот момент.

Јанис Пападимитриу

Како и на почетокот на летото минатата година и во моментов е навистина сѐ можно: и договор како и конечен раскол со доверителите. Шпекулациите околу нови избори па дури и околу нов референдум за грчката програма за штедење се повторно во оптек во Атина.

Само што ако Ципрас во прв ред сакаше да влезе во конфликт со доверителите, можеше да го има уште многу порано- проследен со аплауз од внатрепартиската опозиција, кон која меѓудругите припаѓа и министерот за финансии Цакалотос. Со оглед дека Ципрас оваа опција не ја следеше со голем елан, може да се претпостави дека генерално е заинтересиран за договор со доверителите.

Потребни се слики за непријатели

Всушност од сите страни укоруваниот левичарски премиер сака да го избегне впечатокот, дека сака компромис по секоја цена. Затоа постојано се обидува да создаде непријатели, против кои се исплатува да се бори. како такви посебно се нудат експертите од ММФ, „конзервативните кругови“ во Европа или „домашната-Тројка“- имено сите Грци, кои не сакаат да влезат во борба со доверителите. Со ваквата тактика владејачката левичарска партија Сириза веќе ги освои симпатиите кај многумина во Грција- посебно во предизборната битка. Таа веројатно ќе се придржува кон неа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми