1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Али Ахмети бара германска поддршка за Македонија

Силвера Падори-Кленке14 јуни 2013

По минатонеделната посета на вицепремиерот Фатмир Бесими на Берлин, денеска (14.06) на политички разговори во престолнината престојува делегација на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети.

Фотографија: DW

Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, внатрешнополитичката состојба во земјата, меѓуетничките односи и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор беа во центарот на разговорите кои претпладнево ги водеше Али Ахмети и делегацијата на ДУИ (Муса Џафери и Артан Груби) со политичкиот директор во германското МНР, Ханс Дитер Лукас. И на оваа втора посета на претставници на ДУИ на германското МНР, по минатонеделната на вицепремиериот Фатмир Бесими, како што дознава ДВ од свои извори, била побарана, но и изразена поддршката која Германија и’ ја дава на Македонија на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции.
Централната дискусија се водела околу спорот за името, кој е главен проблем кој стои на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Лидерот на ДУИ Али Ахмети побарал директна германска помош за решавање на деценискиот спор со што, како подвлекол ќе се придонесе за мир, стабилност и економски развој, како и за релаксација на меѓуетничките односи. Непостигнувањето, пак, на компромис носи ризици за отворање други проблеми и поделби меѓу заедниците и го загрозува се‘ она што е постигнато во Македонија по Охридскиот договор, а за што придонес има и Германија. Според извори на ДВ, германската страна ја изнела познатата позиција: Германија смета дека местото на Македонија е во ЕУ и НАТО, но и подвлекла дека Македонија мора да продолжи во спроведувањето на започнатите реформи, но и во имплементирањето на зацртаното со Охридскиот рамковен договор.
Попладнево делегацијата на ДУИ има разговори со Кристоф Хојсген, советник на канцеларката Меркел за надворешна политика.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми