1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Алкопопс" наместо пиво

22 април 2004

Во Берлин претставен извештајот за консумирањето дроги;овошните сокови помешани со алкохол-хит кај младите

Фотографија: AP

Кога во Германија се спомене дрогата,најпрво се мисли на кокаинот или хероинот.Дека зависност создаваат и алкохолот и цигарите,кои сосема легално ги консумираат милиони луѓе,малку се мисли.Марион Каспер Мерк,повереничка на владата за оваа област денеска го претстави извештајот за дрогите.

Во болница поради труење со алкохол,се поголем број млади доживуваат такво нешто,зашто пиењето до бесвест е “ин”.Една од причините за победничкиот пат на алкохолот се т.н. "алкопопс",овошни сокови со висок процент алкохол.Мерк е загрижена зашто:

-Посегнувањето по алкохол станува на се помлада возраст,станува почесто и за тоа се одговорни "алкопопс" пијалоците.Сојузната влада затоа планира посебен данок кој ќе ги поспаки овие веќе омилени пијалоци на младите,за протестите од производителите и продавачите не сака да чуе:

-Го сметам за скандалозно кога од погодената индустрија можам да прочитам дека владата е непријателски расположена кон иновациите,зашто ги оданочува иновативните производи.Јас радо с евоздржувам од вакви иноваци кои создаваат зависност кај младите под 18 години.

По правило тие не би смееле да купуваат алкохол,тоа одамна стои во зџаконот,но во практиката е поинаку:

-Ние не сакаме и не можеме зад секоја каса во супермаркет да поставиме полицаец.Но мораме да ги промениме прописите така што ќе биде нормално ако се побара личен документ од купувачот.

Анатемата главно е фрлена врз дрогата,иако на пример лани поради консумирање хероин умреле помалку од 1500 лица,најниска бројка од 1989 година во Германија,а од последици од пушење повеќе од 110 илјади луѓе.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми