1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Практични решенија на глобалните проблеми

24 септември 2018

Тројца активисти за човекови права, двајца борци против корупција, земјоделец и земјоделски научник се добитници на Алтернативната Нобелова награда. Тие неуморно се борат за светот да го направат поубаво место

***SPERRFRIST 24.09.2018 um 09.00 Uhr*****  Right Livelihood Award Abdullah al-Hamid, Mohammad Fahad al-Qahtani und Waleed Abu al-Khair (Right Livelihood Award)
Фотографија: Right Livelihood Award/Ahmed al-Osaimi

„Им оддаваме почит и поддржуваме храбри луѓе и организации кои наоѓаат практични решенија за основните причини за глобалните проблеми“, соопштија организаторите на Алтернативната Нобелова награда во Стокхолм. Официјално позната како „Награда за основен живот“, наградата се доделува секоја година од декември 1980. Овогодинешните добитници се од Саудиска Арабија, Гватемала, Колумбија, Австралија и Буркина Фасо.

Бранители на човековите права

Тие се веќе познати во нивната земја: Абдула ал- Хамид, Мохамед Фахад ал-Катани и Валид Абу ал-Каир (на насловната фотографија) се меѓу најпознатите адвокати за човекови права во Саудиска Арабија. Тројцата се тесно поврзани со една од малкуте организации за човекови права во таа земја, Саудиската асоцијација за граѓански и политички права. Во општество во кое владејачкото кралско семејство владее тоталитарно заедно со ултра-конзервативното Вахабистичко свештенство, тие тројца неуморно се обидуваат да донесат реформи. Особено значајни се нивните заложби за почитување на универзалните човекови права, воспоставување на уставна монархија и еднаквост на жените во саудиското општество. Но, нивните акции предизвикаа и последици: сите тројца се осудени на затворски казни меѓу 10 и 15 години, и во моментов се на издржување на казните.

Борци против корупција

Телма Алдана (Гватемала) и Иван Веласкез Гомез (Колумбија) се меѓу најпознатите борци против корупција во светот. Од 2014, тие двајца ја предводат Меѓународната комисија против неказнивост во Гватемала. Од 2006 година, ова независно тело на Обединетите нации има задача да ги гони сериозните криминали во Гватемала. Во земја која се уште ги чувствува последиците од граѓанската војна која траеше од 1960 до 1996, Алдана и Веласкез поставија нови стандарди во потрагата за правда. Нивната неуморна работа придонесе за откривање на преку 60 криминални организации досега. Тоа доведе до повеќе од 300 пресуди и 34 законски реформи поврзани со борбата против корупцијата.
Апсењето на тогашниот претседател на Гватемала Ото Перез Молина и неговата заменичка Роксана Балдети во 2015 година покажа дека Алдана и Веласкез не се плашат да ги гонат ниту големите играчи. Битката за укинување на политичкиот имунитет беше нов феномен во историјата на Гватемала.

Иван Веласкез Гомез и Телма АлданаФотографија: Getty Images/AFP/O. Estrada//J. Ordonez

Земјоделскиот научник

Неговиот прекар кажува сѐ: Австралијанецот Тони Ринаудо е познат и како „произведувач на шуми“. Агрономот кој живее и работи во Африка со децении се бори против уништувањето на шумите и сушата во регионот на Сахара. Техниката која ја разви се состои од создавање дрвја од подземни мрежи на корења. Ринаудо ги нарекува „подземни шуми“. Успехот на неговите методи е импресивен: само во Нигер тој успеа да пошуми површина од 50 илјади квадратни километри со 200 милиони дрвја.
Она што Ринаудо го постигна низ годините е многу повеќе од едноставна земјоделска технологија. Тој иницираше цело движење на фармери кои сакаат да го пошумат регионот на Сахел. Користејќи го овој метод ќе биде можно да се пошуми површина со големина на Индија.

Австралијанецот Тони Ринаудо е инспирација за многумина во АфрикаФотографија: Right Livelihood Award/World Vision/Silas Koch

Земјоделецот

Тој е познат како „човекот кој ја сопре пустината“. Во 1980, Јакуба Савадаго од Буркина Фасо започна со трансформација на речиси 40 хектари неупотребливо земјиште во шума. Денес таму можат да се пронајдат повеќе од 60 видови дрвја и грмушки, и тоа е најразноличниот шумски регион во Сахел. Успехот на Савадаго се должи на тоа што тој ги култивира дрвјата заедно со жито. На локалниот дијалект, овој метод се нарекува „заи“. Мрежата од дрвја подолго ја задржува дождовницата во почвата, а житото се користи како храна за стоката.
Иако на почетокот се соочувал со голем отпор- дури бил нарекува и „лудак“ а неговите полиња биле запалени- тој никогаш не се откажал од идејата. Денес, тој одржува семинари во Буркина Фасо и Нигер, помагајќи им на илјадници фармери да си го подобрат посевот. Освен директниот ефект од помошта за фармерите, заи методот има потенцијал да стане важна алатка за битка против причините за миграција и изградба на траен мир.

За Јакуба Савадаго во 2010 година беше снимен документарен филм Фотографија: Right Livelihood Award/Mark Dodd
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми