1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алтман: Скопје да ја искористи моменталната слабост на Грција

14 април 2011

Зошто да не се постигне договор, според кој прашањето за името е едно, а прашањето за јазикот сосема друго, вели професор Франц Лотар Алтман, одличен познавач на балканската политика. Тој говори и за албанското прашање.

Експертот за Балкан, Франц Лотар АлтманФотографија: Franz-Lothar Altmann

Албанското прашање во Македонија во основа е затворено, но може да стане актуелно, ако Македонија во догледна иднина не го реши спорот со Грција и земјата остане надвор од евроатланските структури, прогнозира професорот од државаниот универзитет во Букурешт, Германецот Франц Лотар Алтман. Тој деновиве престојува во Скопје како гостин на фондацијата „Фридрих Еберт“ и „Американ колеџ“.

„Секако има едно мало ’ако’. Ако во наредните 5 - 10 години прашањето за името остане не решено, Албанците ќе бидат многу подистанцирани во однос на политиката на Скопје. Ќе речат, ние сакаме да се интегрираме во ЕУ, но политиката што се води го оневозможува тоа. Ќе се појават повици за регионална автономија, за доближување до Албанија“, вели професоор Алтман. Тој не очекува насилство и судири, но уверен е дека разликите меѓу двете најбројни заедници ќе се зголемуваат.
Под „идентитет“ се подразбира како се чувствуваат луѓето
Фотографија: Fotolia/Bastos
Алтман вели дека му е сосема јасно оти прашањето за името е испреплетено со прашањето за идентитетот и поради тоа е тешко и комликувано, но сепак е оптимист.
“Со добра волја на обете страни, можен е напредок. Освен тоа, Грција е многу слаба во овој период, притисната од други проблеми. Зошто да не се постигне договор според кој прашањето за името е едно, а прашањето за јазикот сосема друго? Обидете се да ги уверите Грците дека јазикот не може да се преименува во вардаро-македонкси на пример, ќе сфатат дека тоа нема смисла“, вели професорот Алтман кој важи за одличен познавач на балканксите случувања.
Тој смета дека под „идентитет“ се подразбира како се чуствуваат луѓето. Ако луѓето се чуствуваат како Македонци, тоа треба да се прифати и нема начин, ниту сила која може да се спротистави на тоа.
Македонија ги губи дипломатските битки
Проектите како Скопје 2014 негативно влијаат врз македонската позиција, смета АлтманФотографија: Petr Stojanovski
Алтман ја критикува владата дека со тврдата политика и неразумните потези како проектот Скопје 2014, преименувањето на авопатите, именувањето на аеродромот „Александар Велики“ ги намалила симпатиите на европските земји кон Македонија и нивната увереност дека Грција не е во право. Европејците последниве години видоа дека и Скопје води конфронтирачка политика.
“Грците велат тоа е крадење на историјата, се отвора дебата дали Александар Македонкси навистина бил Грк, но тоа е гледање кон минатото, што не е најдобра опција за двете страни. Двете страни треба да се свртат кон иднината, интерес и на Македонија и на Грција е да се реши ова прашање“.
Македонија ги губи дипломатските битки поради контрапродуткивната политка на Скопје и фактот дека гласот на Грција е силен во европските институции. Така професорот Алтман објаснува како македонскиот стана официјален јазик во Европскиот парламент.
“Македонскиот мора да стане еднаков со останатите јазици на земјите од Европската унија тогаш кога Македонија ќе стане членка“.
Германскиот професор не може да предвиди каков ќе биде резултатот на престојните избори.
“Не сум изнанеден што владата се одлучи за предвремени избори, имајќи предвид дека во одлуката се раководи од премисата колку порано, толку подобар резултат“.
Автор: Горан Петрески
Редактор: Трајче Тосев
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми