1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алтман: Француското,,не“ ѕа европскиот устав ќе влијае и на земјите од Западниот балкан

31 мај 2005

Француското ,, не“ на референдумот за европскиот устав може да влијае и на приемот на Балканските земји во Унијата, смета водечкиот експерт во германскиот институт за надворешна политика и безбедност, Франц Лотар Алтман. Како што изјавува тој ѕа Дојче Веле, сега на потег се политичарите во Брисел, кои треба да им дадат знак на Балканските земји и на Турција да не отстапуваат од намерите за членство во Уни

јата.

,,Бугарија, Романија, па донекаде и Хрватска го фатија последниот воз. За нив, се чини, нема да има проблеми на патот кон членството во Европската Унија“, смета германскит експерт коментирајќи го негативното изјаснувањето на Французите ѕа европскиот Устав. Но според Франц Лотар Алтман, ако се зборува за натамошното проширување на Унијата, веќе може да се стави по некој знак прашалник.

,, Точно е дека со тоа целиот процес на поширување е помалку загроѕен.Од една стана беше укажувано дека уставот на европската унија е неопходен за натамошното проширување да биде и технички изводливо. Сега треба да се види дали и без тој договор можат да се создадат услови за проширување. Од друга страна, најавено е дека во иднина, посебно во Франција, граѓаните ќе се изјаснуваат околу приемот на новите земји во Европската Унија. Во Париз повремено се чувствува дека тоа ,, не “ за нацртот на Уставот, би значело и не на проширувањето, вели Алтман, кој причината за одбивањето ја гледа во тоа што граѓаните веќе се уморни од постојаните проширувања кои им се наметнуваат одозгора.

,, Би рекол дека граѓаните, особено поради актуелната тешка економска ситуација, се преоптеретени од такви прашања. Тие се прашуваат зошто се потребни проширувања ако ниту во постоечките граници, нема добра политика на економски раѕвој. Скептичноста е присутна и против неа мора да се делува. Неопходно е да се изнесат вистински аргументи бидејќи истакнувањето на фактите дека со проширувањето се гарантираат стабилноста и безбедноста на цела Европа, за населението е премногу апстрактно тврдење,, вели Алтман.

Германскиот експерт ѕа надцворешна политика сепак е оптимист. Тој смета дека сега е време Брисел да осмисли начин јасно да им стави на знаење на земјите од Западниот балкан и на Турција да не се откажуваат од идното членство.

,, Верувам дека работата во врска со тоа ќе продолжи. Верувам, дека ќе биде испочитуван терминот за почетопк на преговорите со Турција на 3 октомври, иако се погласни ќе бидат оние кои ќе предлагаат привилегирано партнерство за Турција , а не членство. Такви мислења ќе има и за земјите од Западниот балкан,, тврди Франц Лотар Алтман, но и покрај тоа смета дека таквите ставови нема да ја попречат европската комисија и натаму да работи на проширувањето и на интеграцијата на Западниот балкан во Европската Унија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми