Ал Каеда одговорна за нападите во Алжир?
9 септември 2007Реклама
Огранокот на терористичката организација Ал Каеда за северна Африка со соопштение во интернет ја презеде одговорноста за обата самоубиствени напада во Алжир. Во вчерашниот напад врз касарна во пристанишниот град Дели беа убиени најмалку 30 луѓе, а во самоубиствениот напад два дена пред тоа во градот Батна загинаа 20 лица.