Ал Џазира нема да го емитува видеото на Мерах
27 март 2012 Катарската телевизија Ал Џазира нема да ги емитува снимките направен од теористот Мохамед Мерах за време на неговите атентати во Монтобан и Тулуз.
Одлуката е донесена од страна на менаџментот на оваа арапска телевизиска мрежа по неколку часовниот состанок во Катар.
Францускиот претседател Никола Саркози претходно побара од секоја ТВ станица која има видео снимки од убиствата во Тулуз да не ги објавува.
Апелот на Саркози се однесува пред се’ на Ал Џазира која претходно соопшти дека размислува за објавување на видео снимките кои пристигнале до нејзината француска канцеларија , и на кои веројатно можат да се видат седумте убиства што ги извршил Мохамед Мерах во Тулуз и во регионот .
Видео материјалот бил снимен на УСБ кој бил испратен со писмо со о поштенски печат од минатата среда. кога полицијата започна со опсадата на станот во кој Мохамед Мерах беше забарикадиран 32 часа .