1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Амазон го тужи Пентагон поради договорот со Мајкрософт

ЖА
23 ноември 2019

Амазон поднесе тужба со која го оспорува доделувањето на 10 милијарди вредниот тендер за далечинско складирање податоци од страна на Пентагон на конкурентот Мајкрософт.

USA Orlando Amazon Logistik-Zentrum setzt Roboter ein
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/P. Hennessy

Портпарол на концернот синоќа потврди дека Амазон вложил тужба поради спорното доделување договор. Во тендерската постапка „постојат јасни недостатоци, грешки и непобитна пристрасност“, изјави портпаролот, дополнувајќи дека доделувањето договори од страна на државата мора да биде „ослободено од политички влијанија“.

Тоа е алузија за американскиот претседател Доналд Трамп, кој редовно остро го критикува шефот на Амазон, Џеф Безос. На Безос му припаѓа и весникот „Вашингтон пост“, познат по критичките извештаи за Трамп.

Меѓу Џеф Безос и Доналд Трамп владее отворено нетрпениеФотографија: picture-alliance/dpa/M. Nelson/B. von Jutrczenka

Пентагон на крајот на октомври соопшти дека договорот за далечинско складирање тајни податоци (Cloud-Computing) му е доделен на Мајкрософт. Договорот предвидува исплата на преку 10 милијарди долари во временски период од десет години, како што соопшти тогаш Пентагон, но цврсто договорени се почетно  една милијарда долари во првите две години. На тендерот учествуваа и ИБМ и Oracle, компании кои отпаднаа во првичните фази.

Повеќе:

25 години Амазон : од онлајн книжарница до моќен концерн

Џеф Безос објави дека е уценуван

Амазон - највредна компанија во светот

Најголемата интернет платформа во светот, Амазон, долго важеше како фаворит за добивање на договорот и отворено го манифестираше изненадувањето од конечниот исход. Концернот укажа на фактот што неговите веб сервиси се водечки во далечинското складирање податоци. Пентагон пак тендерската постапка ја оцени како „фер“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми