Аматриче една година по земјотресот: „Како воена зона“
24 август 2017Реклама
Воена зона среде Европа? Пред една година земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди централна Италија. Загинаа 299 луѓе. Оттогаш срцето на регионот е разурнато. Аматриче некогаш беше едно од најубавите места во Италија. Денес е опустошено. Во изминатата година не се случи многу. Бирократијата ѝ стои на пат на обновата. Локалните политичари стравуваат дека младите ќе се иселат. Сепак, многу жители сонуваат за навидум невозможното: комплетна реставрација на општината.
Политичарите тврдат дека обновата ќе трае 10 години. Трошоците се проценуваат на 23 милијарди евра.