1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амбасадорите на Советот за безбедност на турнеја за статусот на Косово

25 април 2007

Од денеска па до сабота целиот Совет за безбедност на ОН патува за Европа за да се запознае со ситуацијата на и околу Косово.

Од салата во Њујорк на турнеја по Европа
Од салата во Њујорк на турнеја по ЕвропаФотографија: AP

15-те амбасадори на членките на Советот ќе се информираат за положбата и можните решенија на статусот на Косово во Брисел, во Белград, Приштина и во Виена. Турнејата е организирана по предлог на Русија, која најави вето во Советот за безбедност доколку се гласа за сегашниот предлог на Марти Ахтисари.

Меѓу 15-те врвни дипломати на Светската организација се наоѓаат и петтемина од членките на Советот за безбедност со право на вето. Тие ќе ги посетат одговорните во НАТО и ЕУ во Брисел, ќе разговараат со претставници на власта во Белград и во Приштина за на крајот да ја завршат турнејата во Виена, каде се водеа неуспешните преговори меѓу страните во спорот.

Мислењата околу самата идеја за такво студиско патување на претставниците на Советот за безбедност наидува на противречни мислења. Критичарите на рускиот предлог се прашуваат што можат 15-те амбасадори да видат подобро и потемелно од она што стои во сите извештаи на УНМИК, на ЕУ и на специјалниот пратеник на ОН за Косово, Марти Ахтисари.

Шефот на делегацијата на Советот, амбасадорот на Белгија, Јохан Фербеке, сепак манифестира оптимизам:

“Причината за патувањето не е да се вратиме во Њујорк со истиот став со кој што сме заминале на пат. Доколку таму внимателно слушаме и гледаме, тогаш би требало да се вратиме назад подобро информирани за реалната состојба.“

Фербеке исто така смета дека со тоа ќе бидат создадени соодветни услови за дебата околу иднината на Косово во Советот за безбедност и тоа уште кон крајот на мај. Како подлога за расправата ќе послужи предлогот на Марти Ахтисари.

Рускиот амбасадор при ОН, Чуркин, уште пред полетувањето од Њујорк јасно стави до знаење дека покрај Србија и Словачка, како моментална членка на Советот за безбедност, и Русија како земја со право на вето со скепса гледаат на планот на Марти Ахтисари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми