1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амбициозни планови на Франција за ЕУ-претседателството

Џек Перок
6 јануари 2022

Париз се надева дека ќе го искористи претседателствувањето со ЕУ за решавање на „економските, образовните, миграциските и воените предизвици“

Silvester - Frankreich - EU-Ratspräsidentschaft Eiffelturm Paris
Фотографија: Alain Jocard/AFP/dpa/picture alliance

Првата неделна средба на 27-те еврокомесари во 2022 се одржува денеска во францускиот главен град Париз и покрај големиот број на заразени од Ковид 19 во Европа, а особено во Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон најави амбициозен план за претседателството во надеж дека ќе успее да протурка редица клучни прашања во следните шест месеци.

Во изјавата по повод преземањето на претседателството со ЕУ, Макронрече: „француското претседателство мора да биде момент на вистина за регулација и одговорноста на дигиталните платформи, регулација на цената на производите и услуги со висока стапка на емисија на јаглерод диоксид, минимални плати и нашиот однос со Африка.“

Невообичаено за време на ЕУ претседателство, во земјата претседавач во април ќе има национални избори.

Француско-германската оска

Франција го презема претседателството со ЕУ од Словенија, која беше на чело на унијата во втората половина од 2021, додека првите шест месеци беа под палката на Германија.

Со доаѓањето на новиот германски канцелар Олаф Шолц на чело на Германија по 16 години Меркел, политичките приоритети на француското претседателство ќе бидат тест за новите односи меѓу Париз и Берлин.

Олаф Шолц и Емануел Макрон во Париз на 10 декември 2021Фотографија: Thibault Camus/AFP

„Се уште е отворено прашање како е генерално примен Макрон во Берлин,“ вели за ДВ, Џон Ворт, познат ЕУ блогер. „Во однос на енергетската политика, особено атомската има очигледни тензии но Шолц ќе биде помалку „напнат“ во однос на фискалната политика, отколку администрацијата на Меркел. Се уште има судир во стилот на владеење меѓу похрабриот и наметлив Макрон и доста потценуваниот Шолц.“

Новата германска влада сакаше отворено да ја покажа својата посветеност на односите со тоа што поголем број министри и самиот канцелар отидоа за Париз речиси веднаш откако дадоа заклетва.

Дигитална агенда

За време на претседавањето со ЕУ Макрон сака да покрене две главни поглавја од европското законодавство за дигитална заштита. Европската комисија во декември 2020  даде предлог Закон за дигитални услуги (ДСА) и Закон за дигитални пазари (ДМА) и Париз се надева дека преговорите по овие прашања во Европскиот парламент и владите на земјите членки ќе бидат завршени во текот на овие шест месеци додека Франција е на чело на ЕУ. Законот за дигитални услуги би бил сеопфатен закон за борба против дезинформации, матни практики на рекламирање и ширење нелегална содржина онлајн. Законот за дигитални пазари се фокусира на намалување на контролата на мултинационалните технолошки компании онлајн и нивно спречување да ги злоупотребат своите моќни позиции.

„Може да очекуваме од француското претседателство да се фокусира на зајакнување на мерките за борба против ширење нелегална содржина онлајн, заштита на мерките за длабинска анализа, како и на заложба за посилна централизирана примена на регулација од идниот ДНА закон,“ вели за ДВ Елиса Пиркова, европски експерт од „Аксес Нау“.

Климатска акција

Една од другите клучни теми на француското претседателство е обидот во ЕУ да се воведе данок за ограничување на емисија на јаглерод диоксид. Франција подолго време е меѓу погласните земји кои бараат дополнителни даноци за производи и услуги кои се увезуваат во ЕУ, а со кои се испушта високо ниво на ЦО2. Во својот предлог за да се достигне намалување од 55% на емисиите на јаглерод диоксид до 2030 година, Европската комисија поднесе план познат како Механизам за прилагодување на границите на јаглерод диоксид (ЦБАМ). На глобално ниво ова ќе влијае на индустриите за челик, цемент, алуминиум, ѓубрива и производство на енергија.

Европски аналитичари, како економистот Андре Сапир, виш научен соработник во тинк-тенкот Бригел за ДВ вели дека „има јасни двоумења од страна на бројни ЕУ членки да се спроведе ова поради стравот од одмазда од трети земји кои би биле погодени од овој вид на данок, што според мене имплицира дека ЕУ треба да преговара со третите земји пред да го воведе данокот за ограничување на емисија на јаглерод диоксид.“

Меѓу другите приоритети кои планира да ги реши француското претседателство се и минимална плата ширум ЕУ, како да се оданочат глобалните корпорации и потенцијално да се прилагодат правилата на ЕУ за владино финансирање на одредени индустрии за да може да се натпреваруваат со глобалните играчи како Кина и САД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми