1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американскиот амбасадор- хушкач

Оливер Салет
28 март 2019

Ричард Гренел не сака да биде дипломат, туку себеси се гледа како провокатор и продолжена рака на претседателот на САД во Германија. Во таков случај кон него треба така и да се однесуваме, смета Оливер Салет

Bundeskanzlerin Angela Merkel erhält amerikanischen Fulbright-Preis
Ангела Меркел и Ричард Гренел (десно)Фотографија: picture-alliance/M. Sohn

Германската јавност веќе се навикна на неговите остри тонови, но американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел сега посака повторно да се слушне неговиот глас. Имено, незадоволен од предлог-буџетот на германската влада кој беше претставен минатата недела, Гренел повторно одлучи да делува како гласноговорник на својот шеф- Доналд Трамп.
Притоа е во право: на самитот на НАТО во Велс во 2014 година, земјите-членки се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на 2 проценти од БДП до 2024 година. Само Германија го одби тоа.
Едно е јасно: САД, како најголем плаќач во НАТО, се обидуваат да ги намалат идните трошоци со тоа што ќе убедат држави како Германија да плаќаат повеќе. Некои земји, како Полска, ги прифатија желбите на Трамп. Други се спротивставуваат. Германија има резерви од историски причини, како и генерална загриженост за своите европски соседи. Теоријата вели дека доколку Германија троши 2 проценти од својот БДП на армијата, тоа далеку ќе ги надмине сите други земји-членки на ЕУ.

Уцена од американската амбасада

Но исто така е јасно дека Гренел со ваквите напади повторно се меша во германската внатрешна политика и тоа на начин кој не е вообичаен во дипломатските кругови. Кусо откако ја презеде функцијата тој бараше од германските бизнисмени да не соработуваат со Иран. Потоа им се закануваше со санкции на германските фирми кои работат на гасоводот „Северен тек 2“, и бараше Германија да увезува американски гас.
Заканите потоа продолжија и кон владата: доколку кинеската фирма Хуавеи добие тендер за изградба на 5Г мрежата во Германија, САД ќе ја ограничат соработката со германските тајни служби.
Германските Либерали (ФДП) кои се во опозиција веќе побараа Гренел да се прогласи за „персона нон грата“ затоа што се однесува како „висок комесар на окупациска сила“.
Но токму таквата ескалација би била според вкусот на провокаторот на Трамп. Тоа би се нашло на насловните страници на сите светски медиуми. Осамениот борец на Трамп против естаблишментот.
Но, обидите на Гренел да изигрува мал Трамп не минуваат. Меѓудругото и затоа што Гренел пред да стане амбасадор никогаш не се занимавал со дипломатија, а по завршувањето на мандатот веројатно и никогаш повеќе нема да се занимава.
Затоа треба да се третира како провокатор и да не му се дозволува да испровоцира. Можеби односот кон американскиот амбасадор треба да биде добар пример за односот кон неговиот газда во Вашингтон: едноставно да се игнорира, па дури и ако е тешко понекогаш.

Оливер СалетФотографија: DW
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми