1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американскиот сенат го осуди Путин како воен злосторник

ЕМФ | агенции
16 март 2022

Сенатот на САД едногласно донесе резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник.

Russland Moskau | Wladimir Putin während Videokonferenz
Фотографија: Mikhail Klimentyev/AP/picture alliance

Длабоко поделениот Конгрес на САД покажа единство во случајот на Владимир Путин и едногласно ја поддржа резолуцијата со која рускиот претседател се осудува како воен злосторник. Освен тоа, резолуцијата ги осудува и Руската Федрација, Рускиот совет за безбедност, членовите на руската армија и други лица за флагрантни акти на агресија и други ѕверства кои одат до ниво на воени злосторства.

Со резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете партии, се охрабрува Меѓународниот кривичен суд во Хаг и другите нации да ја таргетираат руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина.

Длабоко поделениот Конгрес на САД покажа единство во случајот на Владимир Путин (архивска фотографија)Фотографија: House Television via AP/dpa/picture alliance

„Сите ние овде, демократи и републиканци, се здруживме за да порачаме дека Владимир Путин не може да избега од одговорност за злосторствата сторени над украинскиот народ“, рече лидерот на демократското мнозинство, Чак Шумер.

- повеќе: Руси во САД - „Путин? No good!“

Русија ја нарекува инвазијата во Украина „специјална воена операција“ за демилиатризација и „денацификација“ на Украина. Путин ја нарече Украина и земја колонија на САД со марионетски режим и без традиција на независна државност.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми