Американските спринтерки го урнаа светскиот рекорд
11 август 2012Реклама
Највредниот резултат синоќа го постигна американската женска штафета во трката на 4 х 100 метри, која до златниот медал стигна со време на нов светски рекорд – 40.82 секунди.
На второто место се пласира штафетата на Јамајка , а трета беше Украина. Олимписките рекорди беа поставени во техничките дисциплини.
Во фрлање кладиво Татјана Лисенко од Русија фрли далечина – 78.18 метри што и‘ донесе златен медал, пред Анита Влодарчик од Полска и Германката Бети Хедлер.
Во скок со стап кај мажите Французинот Рено Лавиление во вториот обид прескокна 5.97 метри - нов олимписки рекорд и резултат за златен олимписки медал, пред двајцата Германци Бјорн Ото кој освои сребро, а Рафаел Холцдепе бронза.