1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Америка се враќа на бојното поле

Геро Шлис/ Превод: Жана Ацеска25 септември 2014

Американскиот претседател Барак Обама на Генералното собрание на ОН зборуваше за досега непознати размери на меѓународен тероризам, со силни зборови го повика светот на борба против него, коментира Геро Шлис.

Фотографија: Getty Images/A. Burton

Американскиот претседател стави свој печат на Генералното собрание на ОН. Не само со својот говор пред пленумот, туку веќе ден порано, кога нареди воздушни напади против екстремистите од Исламска држава во Сирија. Оваа вредна за внимание ескалација непосредно пред почетокот на Генералното собрание на ОН може да се покаже како умен потег. Општото одобрување од цел свет за проширувањето на воздушните напади многу критикуваниот претседател може да го припише како прва политичка добивка во неговиот од многу одамна дискутиран чекор. Но, уште поважно е што во Њујорк можеше да се почувствува-на маргините на Генералното собрание се одвиваше една сопствена динамика. А на крајот, претседателот Барак Обама и неговата коалиција против ИД ќе можат да излезат засилени по заседанието во Њујорк.

Пораката на Обама до Генералното собрание реторички беше брилијатно формулирана и ретко јасна: на светот му се заканува меѓународен тероризам и екстремистичка идеологија од досега непознати размери. Нo, Америка се враќа на бојното поле. Обама го повтори ветувањето не само жестоко да се бори против терористичките милиции на Исламска држава, туку на крајот и да ги уништи.

Апел на Обама до сојузниците

Но, американскиот претседател не планира САД сами да водат борба, туку заеднички со сојузниците. Притоа, истакнува тој, ова не е борба на култури или верски мотивирана војна на САД против муслиманскиот свет. Учеството на пет арапски држави во воздушните напади против Исламска држава во Сирија од овој аспект беше успешен дипломатски поен. Првпат по Првата заливска војна, на Американците им успеа да сковаат повторно коалиција со арапските држави.

Геро ШлисФотографија: DW/P. Henriksen

Страсниот апел на Обама до меѓународната заедница да се приклучи во борбата против ИД, во Њујорк не смее да остане без одговор. Британците и Турците веќе најавија желба да учествуваат во воените акции. Сигурно ќе следат и други држави. А, не се потребни големи претскажувачки способности за да се предвиди-германското лиферување на оружје на курдските борци среднорочно не смее да биде последниот збор.

Остануваат отворени прашања

Но, Обама не би бил Обама, ако не прикаже и политичките димензии. Неговото пледоаје за меѓународна соработка, и конечно, за политичките решенија во конфликтите, на Генералното собрание на ОН се слушна со одобрување.Тоа може да му оди на рака и на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, кој ја користи истата аргументација. Обама има право- само мултилатерално внедрен политички процес може на крајот на води кон успех во Украинската криза, атомските прегвоори со Иран, заштитата на климата, па и сузбивањето на епидемијата на ебола. Но, тој преку примерот со Украина покажа-за да се придвижат овие процеси неопходни се и цврстина и одлучност. Обама остро ја критикуваше Русија за нарушување на повоениот поредок, но меѓу редови порача дека уште има доверба во Путин.

Но, и при овој настап Обама не можеше да расчисти некои недоумици: како ќе се однесува сега кон режимот на Асад, кого, иако без да сака, воено го поддржува преку воздушните напади против ИД? И, дали тој посилно ќе го вклучи Иран против ИД на политички и воен план, како што бараат Европејците, првенствено министерот Штајнмајер? Дилемите и колебливоста засега се потиснати од одлучноста на Обама, која ретко се гледа кај него, да и‘ објави војна на ИД. Обама заврши со прилично воинствена формулација: светот морада го отстрани канцерот на насилниот тероризам. Силни зборови на крајот на силен говор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми