1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аналитичарите предвидуваат голема владина коалиција во Австрија

1 октомври 2006

Во Австрија денеска се гласа. Според аналитичарите не се очекува промена на власта.

Жестока изборна кампања во Австрија
Жестока изборна кампања во АвстријаФотографија: AP

Анкетите покажуваат дека води Конзервативната партијата на актуелниот канцелар Волфганг Шисел, но нивниот коалиционен партнер крајно десната популистичка партија на Јерг Хајдер, тешко дека ќе остане во власта. Анкетите покажуваат дека може да се случи оваа партија да не успее да го помине ниту минималниот праг од 4% за влез во парламентот. За разлика од нив десната Слободарска партија и Зелените очекуваат поддршка од 10%. Според анкетите на второ место треба да бидат опозиционите Социјадемократи. Првичните резултати од изборите, на кои може да гласаат 6,1 милион Австријци со право на глас се очекуваат попладнево. Австрискиот политички аналитичар Антон Пелинка, очекува дека земјата во иднина ќе биде водена од голема владина коалиција. Тој смета дека Зелените нема да бидат многу силни за на победничката партија да и обезбедат мнозинство:

„Во таков случај голема коалиција е речиси сигурна. Ако Зелените не се доволни да му донесат мнозинство на најверојатните победници Конзервативната народна партија или пак на Социјалдемократите, тогаш не останува ништо друго освен голема коалиција. И таа нема да биде создадена бидејќи така сакаат, туку дека така ќе мора да биде во недостаток на друга алтернатива“, смета австрискиот политички аналитичар Пелинка.

Во својата 61 годишна независност, по Втората Светска Војна, Австрија 34 години била под водство на голема владина коалиција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми