1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан пред Советот за безбедност на ОН го презентираше извештајот за Косово

25 февруари 2005

Косово не исполнило во целост ниту еден од осумте стандарди за демократско општество кои ги бараат Обединетите нации, истакна генералниот секретар на ОН Кофи Анан синоќа во Њујорк, презентирајќи го својот најнов извештај за покраината на седницата на Советот за беѕбедност на Светската Организација. Според Шефот на Унмик Сорен Јесен Петерсен, преговорите за конечниот статус на покраината најверојатно

Кофи Анан
Кофи АнанФотографија: dpa

�е стартуваат во втората половина на годината.

,, Повремените институции на Косово се свесни дека има уште многу што да се стори,, нагласи Анан, додавајќи дека напредокот го попречуваат Србите и нивното одбивање да се вклучат во дијалог и да помогнат во исполнувањето на стандардите.

Во извештајот, што се однесува на периодот од 1 ноември 2004 та година до 31 јануари 2005 та година, Анан наведува дека најголем дел од тоа време е потрошен на формирање нови инстутуции, по октомвриските избори што Србите ги бојкотираа.

Од друга страна, пак, во неговиот извештај што претходно го објавија медиумите, се наведува дека Србите живеат во став во Косово и дека косовската влада не направила доволно за да ги казни сите етнички мотивирани злосторства.

Во анексот на иѕвештајот на генералниот секретар на ОН има и техничка проценка на достигнувањата по секоја точка одделно, што ја изврши шефот на УНИК Сорен Јесен Петерсен. Цивилниот администратор на Косово повтори дека ситуацијата во покраината ќе се проценува во мај , бидејќи во моментов се уште е рано за конечна оценка. ,, Најверојатно преговорите за финалниот статус на покраината ќе почнат во втората половина на 2005-та ,, додаде Петерсен.

И тој, како и Анан, пред членовите на Советот за безбеднбост на ОН рече дека се надева на поактивно вклучување на Србите во процесот.

,, Веќе не знам што да очекувам. Во Белград слушнав охрабрувачки изјави од Тадиќ, Човиќ, па дури и од црковните претставници, но на Србите се уште не им е испратена порака дека треба да се вклучат во процесот,, посочи Петерсен.

Координаторот на форумот за етнички односи во Србија, Душан Јањиќ, го оцени најновиот извештај на Анан како ,, жолт картон за Белград,, односно како порака дека српските власти се потребни во процесот на преговори за Косово, но дека во нив мора да влезат подготвени и активни, а не да ги блокираат.

,, Точно е дека Србите ги бојкотиораа косовските избори, но точно е и тоа дека мнозинската албанска заедница не им даде многу шанси да се вклучат во нив,, коментираше Јањиќ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми