Ангела Меркел е "мис на Европа "
21 јуни 2007Истражувањето на јавното мислење, спроведено по налог на фондацијата Бертелсман, во 14 земји на ЕУ покажува – 28% од граѓаните сметаат дека германската канцеларка Ангела Меркел треба да биде водач во унијата. Меркел е позиционирана пред претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, кој ја има довербата на 20% од граѓаните, францускиот претседател, Никола Саркози со 15% и идниот британски премиер, Гордон Браун за кого 14% од испитаниците рекле дека треба да има лидерска улога во унијата. Армандо Гарсија од фондацијата Бертелсман дава детали од студијата спроведена во мај и јуни, која опфати 13,5 илјади граѓани на ЕУ: ”Ангела Меркел навистина има многу добар пласман во европски рамки. 58% од Германците се надеваат дека таа ќе има силна политичка водечка улога на европско ниво, а на од Европејците тоа го мислат 28%. Сметаме дека тоа има голема врска со нејзината присутност во последните 6 мнесеци на европска почва. Таа во последните 6 месеци го имаше претседателството со Советот на ЕУ, а Германија претседаваше со унијата и таа како личност на европскиот двоен врв беше во многу земји. Европската политика на германската влада и на Ангела Меркел, беше дискутирана наголемо и нашироко. ”
Според Гарсија, студијата покажува дека европските граѓани посакуваат силна личност која ќе ја води унијата: ”Европејците чувствуваат дефицит во лидерството. Тоа чувство е многу распространето. На европско ниво се загуби брзината на европскиот интегративен процес, не се знае веќе каде се оди, кои теми се важни, кои политички фронтови се диференцираат над националните интереси и резултаите покажуваат дека 47% од испитаните Европејци посакуваат силно водство во Европа, во ЕУ.”