1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангела Меркел и нејзините балкански љубовници

А. Ернст / нцц
22 октомври 2016

Многу нешта ги делат премиерите на Албанија и Србија, но борбата за срцето на една жена ги обедини, пишува Андреас Ернст во својата колумна за „НЦЦ“.

Albaniens Premier Edi Rama betritt serbischen Boden
Фотографија: picture-alliance/dpa/Koca Sulejmanovic

Во колумната со наслов „Ангела и нејзините балкански љубовници“ во весникот „Ноје цирхер цајтунг“, авторот Андреас Ернст пишува:

„Александар и Еди ги делат многу нешта. Едниот е поранешен партиски војник, другиот во поранешниот живот бил уметник. Александар лесно се лути, Еди пак сака провокација. Тоа нивниот однос често го прави турбулентен. Дотолку повеќе што едниот е Србин, а другиот Албанец. Кога станува збор за Косово постојано има кавга. Но, двајцата имаат и заеднички работи. Двајцата се високи по два метра, а освен тоа 'опремени' се и со големо его. Тешко поднесуваат спротивставување, пред сѐ кога станува збор за работата. Двајцата извршуваат иста задача: Александар Вучиќ е премиер на Србија, Еди Рама е премиер на Албанија.

Меѓутоа, она што најмногу ги обединува е восхитот кон една жена: Ангела Меркел. Тоа можеби е чудно со оглед на тоа што симпатиите за канцеларката кај публиката се во опаѓање, а постојано има критики и од страна на коментаторите и фељтонистите. Но, ако се погледне нешто подалеку од прагот, во насока на Балканот, ќе се види нешто сосема друго: таму канцеларката ужива респект и симпатија кај широки слоеви на населението. А, кога Александар и Еди зборуваат за Ангела, тогаш се тоа само изјави на љубов.

Ангела Меркел е тука кога требаФотографија: Getty Images/AFP/E. Dunand

На тет-а-тет средбата на двајцата на Форумот за безбедност во Белград, тоа звучеше вака: 'Каде ќе беа европските вредности ако во бегалската криза во Берлин на власт не беше Ангела, туку Орбан?', прашува Еди. Александар клима со главата: 'Таа е единствената што мисли на нас. Таа се фаќа за телефон кога имаме проблеми и ни кажува што треба да направиме.' Еди сака да додаде нешто, но Александар има фатено залет: 'Ниту ЕУ, ниту Комисијата, ништо не може да ја замени. Кога има потреба, тогаш има само едно име: Ангела!' Потоа станува тивок: 'Моите луѓе ме опоменуваат: Гледаш што се случува со твојата Ангела, анкетите...' Еди го прекинува: 'Не, не, таа ќе биде реизбрана!' Александар повторно си доаѓа на себе: 'Не се срамам. Што и да се случи, ќе се држам до тоа.' И потоа Александар и Еди почнуваат повторно да се расправаат за Косово.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми