1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангела Меркел, кандидат за сојузен канцелар

31 мај 2005

Само седум денови откако канцеларот Герхард Шредер по поразот во покраината Северна Рајна Вестфалија, приреди изненадување најавувајќи предвремени избори, кампањата практично започна. Тука секако спаѓа и официјалниот избор на кандидатот за премиер од редовите на опозицијата, Ангела Меркел која вчера официјално беше номинирана во Берлин.

Ангела Меркел
Ангела МеркелФотографија: dpa

Голем аплауз во зградата Конрад Аденауер, партиската централа на ЦДУ. Ангела Меркел е предизвикувач на канцеларот Герхард Шредер на парламентарните избори во Септември. Веднаш по номинацијата во Берлин Меркел и се обрати на јавноста, одржувајќи говор кој потсетуваше на презентирање на владина програма. Се ќе биде насочено кон отворање нови работни места, најави Меркел

„ Пет милиони луѓе, мажи и жени, семејства и деца, зад тоа се крие цела судбина. Заради тоа кажувам јасно! Во средина на моето размислување и делување е да се оди по патот за отварање на нови работни места во Германија. Веќе не ни е потребна „ Агенда 2010„ Сега ни треба „ Агенда работа„

На последните избори на сојузно ниво во 2002 година, Меркел кандидатурата му ја препушти на шефот на ЦСУ Едмунд Штојбер, кој претрпе пораз од канцеларот Герхард Шредер. Сега баварскиот премиер е цврсто на страната на самосвесната жена од Мекленбург преднапомеранија.

„ Ангела Меркел има целосна поддршка од ЦДУ и ЦСУ. Таа минатите години ја водеше Христијанско Демократската Унија со голем успех. ЦДУ во тоа време постигна серија успеси. Тоа е величествен биланс со кој претседфателката на нашата сестринска партија настапува како кандидат за местото канцелар„ рече Штојбер

Радост и во редовите на потенцијалниот коалиционен партнер ФДП. Дирк Нибел, секретарот на партијата вели:

„ Госпоѓа Меркел ќе биде фер партнер, ние ќе бидеме силни колку што е можно за да можеме заедно да ја превземеме одговорноста и да спроведеме поцвеќе либерални содржини, но и во новата влада да има поголема подготвеност за реформи„

Според последните анкети на јавното мислење, 50 годишната Меркел има добри шанси на изборите на 18 Септември, да стане првата жена во историјата која ќе застане на чело на германската влада.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми