1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангела Меркел не сака да биде почесен претседател на ЦДУ

ЖА / дпа
21 јануари 2022

Не одговара на сегашното време – вака екс канцеларката Ангела Меркел, според зборовите на досегашниот партиски шеф Армин Лашет, ја образложила својата одлука зошто не сака да биде почесна претседателка на ЦДУ

CDU Angela Merkel Symbolbild Abschied
Фотографија: Patrik Stollarz/AFP

Одлуката е донесена – поранешната германска канцеларка Ангела Меркел нема да биде почесна претседателка на ЦДУ, соопшти партискиот шеф во заминување, Армин Лашет.

Аргументацијата е дека тоа не одговара на сегашното време, изјави Лашет за РТЛ/нтв.

Ангела Меркел донесе одлука: не одговара веќе на времето. Ние немаме почесен претседател, тоа е традиција од минатото, која сега не постои на сојузно ниво“, рече Лашет. 

Ново место за Меркел во Канцлерамтот

01:03

This browser does not support the video element.

Прашањето за почесен претседател беше покренато во однос на поранешен случај. „Последниот почесен претседател беше Хелмут Кол, кој потоа се откажа од тоа“, истакна Лашет.

Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол се откажа од своето почесно претседателствување со ЦДУ во 2000. година, причина беше аферата со донации.

Неодамна Тилман Кубан, шефот на Младата унија, се заложи Меркелда биде назначена за почесен претседател на ЦДУ. „Оној кој толку успешно ја водеше Германија во изминатите 16 години, тоа го заслужува“, рече тој за магазинот „Шпигел“.

Четири месеци по катастрофалниот пораз на сојузните парламентарни избори, ЦДУ со изборот на ново раководство се подготвува за работа во опозиција. Утре, на партиски конгрес кој ќе се одржи онлајн, 1001 делегат треба официјално да го изберат Фридрих Мерц за нов лидер на Христијанско демократската унија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми